16 јули 2025
Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура и туризам. (Сала 6/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 5/12:00)
Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 4/12:30)
Штип - Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и Даниел Калдерон, коосновач и управувачки партнер на Алказар Енерџи ќе присуствуваат на поставување камен-темелник на Ветерниот парк Штип. (Локација: https://www.google.com/maps/place/41%C2%B040'59.2%22N+22%C2%B015'02.3%22E/@41.6766356,22.1339727,17209m/data=!3m1!1e3!4m4!3m3!8m2!3d41.683114!4d22.250636?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI1MDcwOS4wIKXMDSoASAFQAw%3D%3D/11:00, за потребите на новинарските екипи организиран е превоз до локацијата и назад од пред Дрво Декор/9:00)
Лондон - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во посета на Обединетото Кралство.
Лондон - Министерот за одбрана Владо Мисајловски во посета на Обединетото Кралство.
Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу ќе одржи прес-конференција. (Министерство за здравство, горна сала/11:00)
Скопје - Црвениот крст и Министерството за внатрешни работи ќе потпишат Меморандум за соработка. (Простории на Црвен крст/11:00)
Скопје - Дваесет и седма седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. (10:30)
Скопје - Зекирија Ибрахими од ВЛЕН ќе одржи прес-конференција. (во просториите на Алтернатива – Т.Ц Мавровка/ 11:00)
Скопје - Прес-конференција на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје за театарската претстава „Лов на дива свиња“, во продукција на Македонски народен театар, Арт Медиа и Градско позориште - Подгорица, а ќе се одржи во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“. (Македонски народен театар/11:00)
Битола - НУ Центар за култура-Битола ќе одржи прес-конференција по повод почетокот на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. (Центар за култура, фоаје/11:00)
Охрид - Книжевна вечер со Лилјана Пандева посветена на српското издание на романот „Доилката“. (Кафе-бар „Шила“/18:30, изјави за медиумите/18:25)
Струга - Прв пловен маркет „Lakescape“ во организација на Здружението за афирмација на културата ИНКА, во соработка со Europe House Struga и спортски клуб „Соларис“. (Пливалиште, женска плажа/17:00)
Скопје - Отворање на фестивалот „Jazz Amber Fest“. (Bruklinski JAZZ Bistro/21:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***