• сабота, 14 јуни 2025
МИА Најави МКД

21 мај 2025 

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати на третиот Форум за културна дипломатија на сесијата „Мали држави, големо влијание: Справување со глобалните предизвици преку заеднички мултилатерализам“. (Кабинет на претседателката/ 09:30) 

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје, по што е предвидена изјава за медиуми. (12:00

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 18-тата седница. (https://zoom.us/j/99906154665?pwd=1uq6EnLJnBGM53K3uDO6VcfBamjzba.1/12:30)

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе одржи работен состанок. (АВМУ/12:00)

Скопје - Тематски брифинг за медиумите по повод отпочнувањето на активностите на мултинационалната вежба „Immediate Response 25“(IR-25). (Генералштаб на Армијата/10:00, пристигнување на медиумите/9:40, не се предвидени изјави за медиумите)

Штип - Панел дискусии по повод одбележување на 18 години постоење на Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип со посебен фокус на промоција на партнерствата и соработките на УГД со локалната заедница, бизнис секторот и меѓународните институции. (Мултимедијален центар на УГД/11:30, изјави за медиумите/11:15)

Скопје - Регионална конвенција за ангажирана демократија - „Вклучи се, инспирирај, зајакни!“ vol.3 во организација на Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) и Институтот за демократска ангажираност на Југоисточна Европа (ИДЕСЕ). (Културен центар Laboratorium/16:15)

Скопје - Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и амбасадорката на Украина, Лариса Дир ќе присуствуваат на церемонијата на поставување на спомен-скулптурата „Горчливо сеќавање од детството“, дело на украинскиот скулптор Петро Дроздовски. (Парк „Украина“, Општина Чаир/11:00)

Тетово - Изјава за медиумите на Горан Тошковски, ветеринар во Прифатилиштето за бездомни кучиња „Ана Агро“ с. Ратае, за моменталната состојба и третманот на бездомните кучиња. (https://maps.app.goo.gl/H8Mo8YSZuCTF4edG9?g_st=iw/11:00)

Скопје - Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис ќе одржи брифинг со медиумите по повод објавувањето на новиот „Документ за позиција: Патоказ за заштита на демократијата од информациски закани“. (Простории на Фондацијата Метаморфозис, ул. „Франклин Рузвелт“ бр.19, втор кат/10:00)

Скопје - Промоција на книга „Зборовезница на едно новинарско перо“ на авторката Милева Лазова. (Дом на култура „Кочо Рацин“/18:30) 

Штип - Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ и Граѓанската сила „Замисли“ ќе одржат дебата „Кажи си ја маката“. (Дом на млади/18:00) 

Битола - Промоција на монографија „1/4 век Интернационален фестивал на монодрама-Битола“. (Центар за култура/12:00)

Кан - Затворена проекција на македонскиот краток експериментален филм „ЛИМА“, селектиран на „Short Film Corner“ на 78. издание на Филмскиот фестивал во Кан наменета за филмски дистрибутери и филмски селектори.

Скопје - Сараевското народно позориште ќе ја одигра претставата „Сараевскиот трговец“ по текст на Игор Штикс, во режија на Михал Дочекал. (Македонски народен театар/20:00)

Скопје - Промоција на албумот „Меморија 2024 Live“. (Амфитеатар на Универзитетот „Скопје“/13:30)

 

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан