25 мај 2025
Дејтон - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на одбележување 30-годишнина од Дејтонскиот договор во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО.
Скопје/Струмица/Крива Паланка/Битола/Велес/Струга/Тетово - Хуманитарни трки „Сите за Кочани - трчаме заедно“, по повод одбележување на Денот на Европа, во организација на Делегацијата на Европската Унија и мрежата на „Европска куќа“ (трките во Скопје ќе се одржат на Средно Водно/трката од пет километри почнува во 10:00, а таа на 10 километри од 11:00)
Скопје - Демократската партија на Турците ќе го одржи 11. редовен конгрес. (х. „Александар Палас“/11:00, официјалниот дел е отворен за медиуми)
Скопје - Во пресрет на вежбата „Immediate response 25”, воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и Вермонт, САД, ќе одржат едночасовен концерт. („Парк на франкофонија“/12:00)
Струга - Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје во соработка со Центарот за едукација и уметност „Хана“ го организираат финалниот настан од проектот „Уметноста има став“ за промоција на активизмот кај младите. (х. Дрим/12:00)
Скопје - Прв акустичен концерт на Д.Н.О. (Младински културен центар, кино „Фросина“/20:30)
Скопје - Промоција на компилациската плоча „This is Gjorche Petrov, not Skopje“ - соработка на „Корпус деликти рекордс“ и „Кичма рекордс“ (кафе - бар „Станица парк“/12:00-15:00)
Охрид - Завршен „Мастерс квиз“ за оваа сезона во организација на Македонската квиз асоцијација (Факултет за туризам и угостителство/11:00)
_____________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***