МИА Најави МКД
- 26 октомври 2023
МИА Најави МКД
26 октомври 2023
Скопје – Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала 5/ 10:00)
Скопје – Седница за пратенички прашања на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 11:00)
Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе се сретне со Килиан Вал, амбасадор, шеф на Мисијата на ОБСЕ. (Кабинет на претседателот/ 15:00)
Скопје – Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за Правда и Внатрешни работи, во рамки на Претседателството на Кралството Шпанија со Советот на Европската Унија.
- Отворањето на првата сесија од Министерскиот форум, посветена на Внатрешни работи, започнува со обраќања на еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и министрите за внатрешни работи на Кралството Шпанија и на Република Северна Македонија, Фернандо Гранде-Марласка Гомез и Оливер Спасовски. (Собрание на Република Северна Македонија, Кристална сала/ 13:30)
- По завршување на сесијата следи прес-конференцијата (17:30)
Скопје – Спортски самит насловен Today’s Sport 23 во организација на Здружение Геостратешки институт ГЛОБАЛ. (х. „Хилтон“/ 10:00, предвидени се изјави на министрите за внатрешни работи и за образование и наука, Оливер Спасовски и Јетон Шакири и проф. д-р Иван Анастасовски)
Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на Деветтиот FMCG SUMMIT за трговија и широка потрошувачка, а ќе биде и дел од панел дискусијата со релевантни претставници од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка на тема „Кој добива, а кој губи со актуелните мерки? Секторот VS Владата“. (х. „Александар Палас“, панелот на кој ќе учествува министерот Бектеши ќе започне во 15:00)
Скопје – Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) ќе одржи Свечена академија по повод 80 години од формирањето на Верското поверенство при Главниот штаб на народно-ослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. (Музеј на македонската борба, свечена сала/ 11:00)
Скопје – Презентација на Водичот за обучувачи - Развивање вештини за медиумска писменост во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС). (во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ)/ 10:00 – 12:00)
Скопје – Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст, во соработка со Комората и Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо организира информативен настан на тема „Механизмот на ЕУ за јаглеродно гранично прилагодување: Концепт, имплементација, предизвици (EU’s Carbon Border Adjustment Mechanism)“. (Стопанска комора на Северна Македонија, во халата/ 10:00)
Скопје – Заедничка прес-конференција на амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја и директорот на Кинотека на Северна Македонија, Владимир Ангелов по повод 16. издание на „Јапонската филмска недела“ во Скопје и во Битола. (во Амбасадата на Јапонија/ 10:00)
Скопје – Промоција на Анализа на Родовите (не)еднаквости во Северна Македонија во организација на Националниот младински совет на Северна Македонија - НМСМ и Мрежата Стела. (Јавна соба/ 9:45)
Скопје – Панел дискусија: Политичка и општествена еднаквост на жените на локално ниво, во организација на Реактор – Истражување во акција. ( х. „Холидеј Ин“/ 11:00)
Битола - Презентација на европски проект на Организација на потрошувачите на Македонија. (х. „Милениум“/ 11:30)
Струмица – Интеррег Ден на соработка. (Детска градинка „Детска радост“, Градски парк/ 10:00 и во градинката „Виножито“, локација: https://maps.app.goo.gl/35xsYi83BvauGPX36 / 10:30)
Тетово – Прес-конференција на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами. (во прес-центарот на општината/ 12:00)
Скопје – Претставници на Иницијативата „Борба за Влае“ ќе дадат изјава пред започнување на јавната презентација за ДУП-от на нивната населба. (пред бараките на Општина Карпош/ 12:30, а по завршување на јавната презентација ќе следи прес-конференција околу 14:30)
Скопје – Прес-конференција на Алијанса на Албанците. (пред влезот на Град Скопје/ 11:00)
Скопје – Омаж по повод 20-годишнината од упокојувањето на современиот македонски поет, академик Анте Поповски. (КИЦ, во Салон – Империјал 2/ 19:15)
Струмица – Промоција на Монографијата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“ во издание на Општина Струмица. (во дворот на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица“ во Вељуса/ 13:00)
Денови на медиумска писменост – програма:
Скопје – Презентација на модел МП во рамки на проектот Инклузивно и креативно медиумско образование. (Институт за комуникациски студии/ 10:30)
Скопје – Поткаст дискусија „Медиумската писменост во дигиталниот простор“. (Радио МОФ/ 12:30)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***