2 јуни 2025
Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на свечена академија по повод 80 години од постоењето на Државниот завод за статистика. (х. „Хилтон “/ 10:00; Изјава на Мицкоски пред почетокот на настанот)
Скопје - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски ќе извршат увид во изградбата на новиот објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во населба Ченто. (10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/13:00)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот на Левица Амар Мециновиќ. (Собрание, Прес-центар/10:00)
Криволак - Ден за високи гости на вежбата „Брз Одговор 25“ (АП Криволак, пристигнување на медиумите со организиран превоз пред Генералштабот најдоцна до 08:15, додека медиумите со свој превоз треба да бидат пред влезот на полигонот најкасно до 10:00)
Скопје - Научно-стручна конференција на тема: „Кон безбедна евроатлантска зона во глобализиран свет: Поврзаноста меѓу безбедноста и владеењето на правото“ во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и Државниот Универзитет во Тетово (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 19-та седница (https://zoom.us/j/91739242038?pwd=KcaaU3LYfX55aiSMfqqpuXxI4Gm2EU.1 / 12:00)
Скопје - Црвен крст на Град Скопје го организира традиционалниот градски натпревар по Прва помош за победничките екипи на општинските натпревари во категорија подмладок (Средно Водно, во објектот Даре Бомбол/ 10:00)
Битола - Манифестација „Ден на фармерите“. (Чифлик/12:00)
Скопје - Изложба на цртежи насловена „Моите херои“ на Јана Иванова (Дом на култура Ѓорче Петров/ 11:00)
Скопје - Премиерна изведба на театарската претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“ на македонската авторка Наташа Дукоска (Јавна соба/ 19:00)
Струмица - Четврто издание на фестивалот Класика меѓународен фестивал Струмица 2025
Скопје - Концерт на „ZELZELEH“ („Faraway Ghost & Sunken Cages“) (Ла Кања, 10:00)
____________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***