• сабота, 16 ноември 2024
МИА Најави МКД

19 април 2023 

 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 111 седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 6/10:00)

Скопје - Собраниската Законодавно - правна комисија ќе ги одржи 179-та и 181-та седница. (Сала „Борис Трајковски“/10:00/10:10)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе присуствуваат и ќе се обратат на настан по повод увид во градежните работи за изградба на социјална зграда во општина Бутел. (локација, https://www.google.com/maps/place/MODI+Living/10:30)

Скопје - Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и Н.Е. Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија ќе одржат работен состанок во рамки на континуираното мониторирање на прогресот постигнат од страна на институциите вклучени во борбата против корупцијата, односно исполнувањето на препораките наведени во Извештајот од Европската Комисија за 2022 година и Националната Стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за 2021-2025. (Влада на РСМ, свечена сала/12:30, отворен дел од состанокот/12:30-13:10

Штип - Трето Mеѓународно научно-стручно советување Агро-наука и пракса (АНП 2023) во организација на Земјоделскиот факултет. (Земјоделски факултет, Кампус 2 на УГД, свечена сала/9:30, изјави за медиуми/10:15)

Скопје - Претставување на студијата „Пристап до услуги за долготрајна нега во Северна Македонија“ во рамки на Проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ во организација на Црвениот крст на Македонија. (Црвен крст на РСМ, бул.„Кочо Рацин“ бр.13/11:00)

Скопје – Презентација на Годишниот извештај за слобода на информирање на Западен Балкан за 2022 година (х.Панорамика 10:00)

Скопје - „Уметноста на звучните пејзажи во современата изведба“ предавање на професор Алесандро Ола. (КСП Центар-Јадро/19:00)

Скопје - Прес-конференција на Независната граѓанска иницијатива Шанса за Центар. (Пред влезот на поранешната фабрика „Треска“, бул.„Теодосиј Гологанов“/13:15)

Скопје - Промоција на книгата „Ковчеже со книжни бисери“ од писателот Милован Стефановски. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, спомен-собата „Т’га за југ“/19:00)

Скопје - Премиера на филмот "Јанѕа" работен по мотиви на Блаже Конески. (Кино Милениум/20:00)

 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан