• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

1 јули 2025 

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Собрание, сала 4/10:00)

Скопје - Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги одржи 35-та и 35-та седница. (Сала „Борис Трајковски“/12:00/12:30)

Скопје - Лидерска средба ЕУ-Западен Балкан посветена на Планот за раст. (х. Хилтон)

 - Пристигнување и официјален пречек на лидерите од Западен Балкан. (9:30)
 
- Воведни обраќања на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и комесарката за проширување, Марта Кос на почеток на првиот панел посветен на Планот за раст на Западен Балкан. (10:00)

 - Прес-конференција за медиумите на премиерот Христијан Мицкоски и комесарката за проширување, Марта Кос. (12:15)
 
- Почеток на вториот панел посветен на конкретни механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст. (13:00) 

Скопје - Министерот за внатрешни работи на Литванија, Владислав Кондратович во официјална посета на Министерството за внатрешни работи, во тек на која со неговиот домаќин, министерот Панче Тошковски ќе потпишат Договор за реадмисија, по што ќе одржат прес-конференција (пред зграда 1 на МВР/10:30, пристигнување на медиумите/10:15)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на доделување награди на учениците од Македонија кои освоија второ место на Европскиот квиз на пари 2025 година. (Македонска банкарска асоцијација/11.00)

Скопје - Промоција на изданието „Прирачник за верификација: Ултимативен водич за верификација на дигитални содржини во известувањето за кризни ситуации“ и панел-дискусија на тема „Истражувачкото новинарство во ерата на информативниот неред“ во организација на Центарот за развој на медиуми.  (х.„Холидеј Ин“, сала „Скала“/11:00)

Скопје - Отворање на изложбата: „Скопски урбани приказни“ во организација на Друштвото на ликовни уметници од Македонија – ДЛУМ. (19:00-22:00, официјално отворање, Жена парк/20:30)

Скопје - Отворање на изложбата „Резови“ од Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски. (КИЦ, изложбен салон Империјал 1/20:00)

Сопје - Слушачка промоција на албумот ЈОРУКЛУК на Елена Баклава (Елена Христова). (Бифе Тафталиџе/20:30)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан