13 март 2024
Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Јован Митрески ќе одржи средба со вршителот на должност во Амбасадата на Република Црна Гора Велимир Шљиванчанин. (Собрание, Стар кабинет/11:00)
Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ги одржи 148-та, 140-та, 138-та и 135-та седница. (Сала „Македонија“/11:00/12:00/12:10/12:20)
Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 4/11:00)
Скопје - Техничкиот премиер Талат Џафери ќе присуствува и ќе даде изјава по увидот во градежните активности на делницата Петровец - Катланово. (https://www.google.com/maps/place/41%C2%B053'45.9%22N+21%C2%B040'11.0%22E/@41.8960833,21.6697222,17z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.8960833!4/13:00)
Скопје - Министерот за здравство Илир Демири и генералниот директор на Диаверум Димитар Клисаровски ќе дадат изјава за медиуми. (Министерство за здравство, горна сала/12:00)
Скопје - Министерката за култура, Бисера Костадиновска -Стојчевска во работна посета на Општина Чучер Сандево, каде во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе извршат увид на проектот и локацијата за изградба на мултифункционална сала на Домот на култура „Сандево“. (Општинска зграда/11:00, изјави за медиумите/11:30)
Скопје - Јавна дебата за „Утврдување на интегритет на сите службеници кои работат на високо ризични работни места на ГП и граничната линија со примена на полиграф, како превентивна мерка за спречување на можна корупција“ во организација на Националниот координативен центар за гранично управување на Владата. (Клуб на пратеници/10:00)
Битола - Одбележување 125 години од дипломирањето на Кемал Ататурк во битолската Воена Гимназија, во организација на Амбасадата на Република Турција. (Завод и музеј - Битола/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Ертан Шаќири од Здружението СОС ВИТА. (Здружение СОС ВИТА/13:30)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***