• среда, 20 ноември 2024
МИА Најави МКД

24 јуни 2023 

Делчево - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски ќе присуствуваат на отворањето на новиот градски пазар во Општина Делчево. (Градски пазар/12:00)

Скопје - Скопје Прајд под мотото „Гласни и горди“ во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. (Парк „Жена-борец“/19:00/Медиумските работници ќе може да ги подигнат своите акредитации за настанот на посебен пункт на влезот во паркот „Жена-борец“, на 24 јуни, од 17 до 18.30 часот)

Кочани - Спортски настани во организација на Независниот синдикат на полицијата (Пониква/9:00), свечено отворање со  параглајдерски лет од височина. (12:00)

Скопје - Манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2023 vol.2. (Парк на Франкофонија и Мобилна/Монтажна галерија/12:00)

Скопје - Концерт на Белградска филхармонија предводена од славниот маестро Зубин Мехта во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. (Македонска филхармонија, концертна сала/20:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан