• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

9 септември 2025 година

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе го одржи неделниот брифинг со новинарите. (сала „Длаборез“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (сала 6/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правна комисија. (сала 6/11:30)

Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски ќе присуствуваат на прес-конференција за ставањето во официјална употреба на службените таблички, односно замената на регистарските таблици на службените возила со нови, специјални, во боја. (на паркингот кај „Аква парк“, близу Спортскиот центар „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Прес-конференција на ИФФК „Браќа Манаки“. (хотел „Парк“, улица „Столтенбергова“ број 4/3/11:00)

Скопје - Претставата „Гидионовиот јазол“ ја отвора сезоната на матичната сцена на Драмски театар. (Драмски театар/20:00)

Скопје - 29. Републички пензионерски спортски натпревари. (комплекс на хотел „Њу стар“/9:00)

Штип - Прес-конференција по повод почеток на 13. театарски фестивал за деца и младинци „Малиот принц“. (фоаје на НУЦК „Ацо Шопов“/11:00)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

Остани поврзан