23 март 2023
Скопје - Mинистерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок во официјална посета на Северна Македонија:
-пристигнување на министерката Бербок (МНР/10:40)
-тет-а-тет средба меѓу Османи и Бербок (10:45-10:55)
-билатерална средба на двете делегации (11:00-11:45)
-прес-конференција на министрите Османи и Бербок (12:05-12:30)
- претседателот Стево Пендаровски ќе ја прими Аналена Бербок (Кабинет на претседателот/14:45, сниматели и фоторепортери/14:15)
Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман Марти и директорот на Развојна банка, Кире Наумов ќе промовираат нова кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација за компаниите. (Влада на РСМ, Медија центар/10:30, на македонски/https://www.youtube.com/watch?v=6EKZ_p8Rtc0, на албански/https://www.youtube.com/watch?v=etdPKi9VoyM, на англиски/https://www.youtube.com/watch?v=f5SMI1_O_do)
Скопје - „Форум на жени лидери од југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција” инициран од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC. (х.„Хилтон“/10:00, изјави за медиуми/11:35)
Битола - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, ќе извршат увид во рехабилитацијата на државниот пат Битола-ГП Меџитлија. (Изјави за медиумите пред ГП Меџитлија/13:00)
Скопје - Министерката за животна средина и просторно плaнирање Каја Шукова ќе се обрати на јавната расправа за нацрт текстот на предлогот законот за климатска акција. (Клуб на органите на државна управа, кино сала/10:00)
Прилеп - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов ќе го отвори новиот „Центар за претприемништво и креативност“ во рамки на проектот „BeCircular“. (Простории на ПиК Центарот на Економскиот Факултет во Прилеп/11:00)
Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 10. седница. (Уставен суд/9:30)
Скопје - Отворање на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ во организација на Народна банка, со обраќања на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоскаи нејзиниот хрватски колега Борис Вујчиќ (х.„Мериот“/9:15)
Берово - Свеченост по повод Светскиот ден на водите 22 Март и Светскиот метеоролошки ден- 23 Март со обраќања на градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски и на директорот на Управата за хидрометеоролошки работи. (метеоролошка станица Берово)
Штип - Регионален настан во општина Штип организиран од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран". (Општина Штип, општинска сала/11:00)
Скопје - Форум на тема „Легализација на бесправно иградени објекти – завршување на историски процес или продолжување на бескрајната приказна?“ во организација на Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. (EUROPE HOUSE/11:30)
Скопје - ПроКредит Банка организира настан по повод претстојниот 20-годишен јубилеј. (р. „Форца“/11:00)
Скопје - Прес-конференција по повод детската балетска претстава Петар Пан. (МИА прес центар, кај Рекорд/13:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. (ГТЦ 2 кат, Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, локал 306/20:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***