• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

25 јули 2025

Гевгелија - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод пуштањето во употреба на булевар „Свети Климент Охридски" во Гевгелија. (Локација / 14:00 )

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и директорката на Управата за заштита на културното  наследство  Весела Честоева  ќе го посетат  Скопското кале. (9:00, изјави за медиумите/9:15)

Крива Паланка - Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски ќе одржи прес-конференција. (Простории на Општина Крива Паланка-кабинет на градоначалник/14:00)

Скопје - Прес-конференција по повод светската премиера на филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска на која ќе се обратат Лабина Митевска, продуцентка, Гоце Смилевски, сценарист, Никола Ристановски, кој ја толкува улогата на отец Фредерик
и Сашко Мицевски, в.д. директорот на Агенцијата за филм Скопје. (Спомен-куќа на Мајка Тереза, ул. Македонија/10:30) 

Скопје - Работилница „Географски ознаки за вино: Придобивки и визија за Македонија“ во организација на Здружението за заштита на географската ознака за вино „ПОВАРДАРСКИ – ВРВ“ и Здружение на производители и извозници на вино „Вина од Македонија“. (М6 Едукативен центар/11:00, изјави за медиумите/10:30)

Скопје - Тридневен летен базар „Сè за одмор“, на кој ќе учествуваат 20 современи македонски занаетчии. (Приземје на Скопје Сити Мол)

Скопје - Претставници на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ќе одржат прес-конференција.  (Пред влезот на објектот на Град Скопје во Градски парк, на паркингот спроти Кермес/14:15)

Скопје - Одбележување на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ. ( Домот на култура „Илинден“, населба Илинден/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан