• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

10 мај 2023

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се сретне со генерал-мајор Ахмед Насер Ал-Расаи, претседател на Интерпол. (Стар кабинет/ 14:45)

Скопје – Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се сретне со делегацијата на Пратеничката група на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република Северна Македонија. (Сала на Влада/ 9:20 – 10:00)

Скопје – Претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Австрија Арбер Адеми, и членовите ќе се сретнат со делегацијата на Пратеничката група на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република Северна Македонија. (Сала на Уставна комисија/ 10:00 – 11:00)

Скопје – Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободата и правата на граѓанинот, и членовите ќе се сретнат со делегацијата на Пратеничката група на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република Северна Македонија. (Сала на Уставна комисија/ 11:05 – 11:50)

Скопје – Работна средба на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Северна Македонија и Комитетот за односи меѓу заедниците и Коалицијата на граѓански организации – Форум на помалкубројни заедници во РСМ. (Сала 6/ 10:30)

Скопје – Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов ќе се обратат на конференцијата „Од хартија до пиксели: Дигиталната трансформација на општините“. (х. „Александар Палас“/ 10:00)

Даблин – Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе престојува во работна посета на Ирска, при што ќе има средба со заменик претседателот на Владата, министер за надворешни работи и министер за одбрана на Ирска, Михол Мартин

Скопје – Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европска унија, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, ќе го одбележат официјалното започнување на проектот финансиран од ЕУ „Поддршка за реформите во шумарството во Северна Македонија“. (Клуб на пратеници/ 14:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе даде изјава за медиумите. (МЗШВ/10:30) 

Брисел – Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во седиштето на НАТО во Брисел, ќе учествува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за Алијансата.

Скопје – МЕМО организира настан по повод отпочнувањето со работа на Македонската берза на електрична енергија. („Рагуза 360“/ 11:00)

Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30)

Скопје – Агенцијата за млади и спорт организира тематска конференција: „Допинг во спортот“. (х. „Панорамика“/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција на Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“по повод одбележувањето на Меѓународната недела на сестринството. (во просториите на Здружението, ул. „11 Октомври“ бр. 17 ЗСП, кат 2, голема сала за состаноци/ 10:30)

Струга – Регионален настан во Струга организиран од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. (во општинската сала во Општина Струга/ 11:00)

Штип - Настан „Дигиталниот речник на македонскиот јазик - перспективи и можности за истражување“. (Тренинг центар/  поранешен Универзитетски ресторан/ на УГД / 12:00)

Скопје – Прва Конференција за недвижности во Скопје во организација на Фортонмка. (х. Дабл Три Хилтон/10:30)

Скопје - Моралниот суд „Македонска вистина“ инициран од Македонски манифест, а составен од група интелектуалци ќе ја претстави првата  морална  осуда  на  главните  домашни  актери  на идентитетскиот геноцид над Македонците. (во салата за промоции на Бест Вестерн Хотел Турист, на ул. „Македонија“, спроти куќата на Мајка Тереза/ 12:00)

Скопје – Промоција на книгата „Теорија и системи на безбедност“ на проф. д-р Оливер Бакрески. (Музеј на македонската борба/ 18:00)

Скопје – Кафе средба со тимот на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади ЛИТЕРА 2023. (кафе бар „Кантина“, Дебар маало/ 10:00)

Скопје – Прес-конференцијата по повод пристигнувањето на познатата игра MONOPOLY, која сега доаѓа со официјалното издание за Македонија. (ресторан „Фоур“ (Four)/ 11:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан