• вторник, 26 ноември 2024
МИА Најави МКД

1 јули 2023 

Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи прес-конференција по повод преземањето на претседавањето со Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) од страна на Република Северна Македонија. (МНР/10:00, пристигнување на медиумите/9:50)

Скопје - Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на УЈП Сања Лукаревска по повод 4 години МојДДВ ќе одржат брифинг за новинари. (Клуб на пратеници/11:00/брифингот ќе се одржи без камери)

Рим - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во Рим ќе учествува на 43 Конференција на ФАО.

Скопје - Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН ќе ја одбележат 75 годишнината од егзодусот на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

- Полагање цвеќе пред Споменикот на децата бегалци. (Жена Парк карши Собранието на Македонија/10:00)

- Одржување Академија во Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ. (12:00)

Ресен - Одбележување на Меѓународниот ден на задруги. (Крани/11:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Забранети луѓе“ од Џон Илија Апелгрин. (Кинотека на Македонија/20:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан