• среда, 16 октомври 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

16 октомври 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/12:00)

Велес - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, ќе ја посети општина Велес. (изјави за медиуми/11:30, посета на социјална зграда во Велес/11:45, увид во реконструкција на ул.„Луј Пастер“/12:00)

Скопје - Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Турција, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Метин Ѓурак, ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. (Пристигнување на медиумите во Генералштабот на Армијата/10:10)

Скопје - Седница на Судскиот совет на РСМ. (10:00)

 Скопје - Прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. (х.„Холидеј ин/10:00)

Скопје - Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го одбележат Светскиот ден на храната под мотото „Право на храна за подобар живот и подобра иднина: Никој да не биде изоставен“. (село Огњанци, општина Петровец, https://www.google.com/maps/place/41%C2%B055'05.5%22N+21%C2%B034'50.6%22E/@41.9181944,21.5807222,1174m/data=!3m2!1e3!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.9181944!4d21.5807222?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI0MTAwOS4wIKXMDSoASAFQAw%3D%3D/11:00)

Скопје - Свечено отворање на IX меѓународна научна конференција „Mакедонскиот јазик – извор на научни истражувања“, во рамки на  Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. (Амфитеатар на Институтот/10:00)

Скопје - Форум „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“ во рамки на Саемот за пракса и вработување на Машинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. (Машински факултет, УКИМ, просторија 225, 2 кат/11:00)

Скопје - Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21 ќе одржат форум на тема „Вклучена заедница за отпорност на корупција“. (Граѓански ресурсен центар/10:30)

Скопје - Прес-конференција на Демократската Унија за Интеграција. (Седиште на Демократската Унија за Интеграција во Скопје, Чаир/12:00)

Гостивар - Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, ќе одржи состанок со претседателството на партијата. (Канцеларии на Партијата во Гостивар/17:00, изјава за медиуми пред средбата)

Тетово - Презентација на проектот „Заштита на биодиверзитетот на флората и фауната на Шар Планината – општествен императив“ во организација на Здружението за култура и уметност „Традита“ - Тетово, во рамките на проектот „Трајно користење на природните ресурси за , меѓугранична социо-економска соработка во заштитените подрачја во Албанија и Северот Македонија“. (ОУ „Кирил Пејчиовиќ“ – Теарце/11:30)

Скопје - Презентација на програмата Еразмус+, која поттикнува студентска размена, соработка и мобилност низ Европа организиран во соработка со земјите-членки на ЕУ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. (Europe House Тетово/11:00)

Скопје - Компанијата Евентика ќе ги додели наградите „Бизнис Лидер“ на најдобро рангирани македонски компании. (х.„Александар Палас“) 

Скопје - Отворање на Re: store, центарот за рестилизирање на стари модни парчиња. (Културно едукативен центар „Лабораториум“, булевар „Св. Климент Охридски“ 68/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Драмски театар по повод вториот ден на фестивалот РУТА. (Драмски театар/11:00)

Скопје - Промоција на списанието „ Филозофска трибина“. (КИЦ, Салон - Империјал 2/19:00)

Скопје - Книжевна вечер посветена на писателката Дача Мараини. ("Europe House"/19:00)

Битола - Ретроспективна изложба на Панде Петровски Анкин „65 години творештво“. (Центар за култура/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата Мириса на пандишпан- сефардската кујна на Евреите од Македонија. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Разговор со уметникот' на Петра Јовановска. (Галерија „КО-РА“/19:30)

Скопје - Отворање изложба на уметнички слики „Лице“ од авторката, Мара Цветкова од Швајцарија. (Порта „Македонија“/18:00)

Скопје - Отворање на изложбата „RADICAL CHIMERAS“ на Роб Мазурек. (Галерија МКЦ/19:30)

Скопје - Претпремиерна изведба на претставата „Бели ноќи“ од Ф.М.Достоевски, а во режија на Звездана Ангеловска. (НУ Македонски народен театар/20:00)

Битола - Премиера на театарската претстава ,,КУФЕР.МК“. (Народен театар/20:00)

Скопје - Под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“ отворање на 9. издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова со македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски.

Скопје - Кабаре - концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар.

Загреб - Скопскиот Брас Квинтет, во соработка со Скопскиот Брас Фестивал, ќе одржи концерт во Р. Хрватска, по повод 17 годишнината од смртта на Тоше Проески. (МПЦ Св. Злата Мегленска) 

Скопје - Концерт на Весна Ѓиновска Илкова - сопран и Кристина Светива - пијано. (Музеј на македонската борба/20:00)

Скопје - Концерт Балканско виножито на мултиинструметалистката Бајса Арифовска. (Филхармонија/20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 



Тагови

Остани поврзан