МИА Најави МКД
- 18 септември 2025
18 септември 2025
Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за јавна администрација Горан Минчев ќе се обратат на настанот Генерички обуки за административни службеници - „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“. (х. DoubleTree by Hilton/10:00)
Скопје - Агенцијата за катастар на недвижности ќе ја промовира новата кампања под наслов „Катастар до тебе“. (Општина Аеродром /16:00 до 19:00)
Скопје - Државниот завод за статистика и Италијанскиот национален институт за статистика (Istat), во рамките на твининг-проектот финансиран од Европската Унија, организираат конференција по повод една година од започнувањето на проектот „Подобрување на квалитетот и опфатот на статистиките за животна средина и здравствените статистики“. (х. Холидеј ин /10:00)
Скопје - МАПАС, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје организираат средба со новинари. (х. Мериот, сала Ballroom 2/11:00)
Скопје - Втора конференција за Мускулна дистрофија тип Душен и Бекер во организација на Здружението на граѓани „Мускулна Дистрофија-Асоцијација Македонија“ - МДАМ. (х. Панорамика/11:00)
Скопје - Прес-конференција на независната кандидатка за градоначалничка на Општина Центар - Биљана Ивановска и носителката на листа за град Скопје од Независни заедно - Јана Белчева. (Пред МВР/12:00)
Гостивар - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Гостивар Висар Адеми. (Пред објектот на пожарникарите/11:00)
Скопје - Трибина „Превенција и заштита на децата од дигитална злоупотреба и CSAM”. (Netaville ул. „Никола Тесла“ 9 /10: 30 и live - streaming на ФБ-страницата на Детската амбасада Меѓаши).
Скопје - Промоција на новата книга „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски. („Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/19:00)
Скопје - Прес-конференција, посветена на најновите успеси на документарниот филм „Приказната за Силјан“ на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска. (Котур/9:30)
Гевгелија - Македонска филхармонија со Анна Кондратенко ќе гостува во Гевгелија. (Домот на културата во Гевегелија/20:00)
Скопје - Самостојна изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“, која ќе биде отворена со „Крит клуб“ перформанс. (Музеј на современа уметност/18:30)
Ќустендил - Македонскиот народен театар со претставата „Ничија земја“ ќе го отвори новиот европски фестивал „Acting Еurope - театар без граници“.
Скопје - Поетска средба со познатите српски писатели Видак Масловариќ и Мајо Даниловиќ. (Културен центар Феникс/19:00)
Скопје - „Празно саќе“ - изложба на скулптури од Маргарита Симовска. (КИЦ – Скопје, 20:00)
Скопје - Презентација на најновиот проект на авторката Љупка Делева „Трансформации – Flusso – Flux: 1998–2025“. (Чифте амам/20:00)
Скопје - Самостојна изложба на Дарко Алексовски „Поглед кон далечина обоена сино“. (КСП Центар-Јадро/20:00)
Скопје - Промоција на книгата за деца „Магичниот круг на детството“ од м-р Татјана Гогоска. (Културно информативниот центар – Скопје/19:19)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***