• вторник, 17 декември 2024
МИА Најави МКД

15 декември 2023

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје - Седница на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. (Сала „Борис Трајковски/9:30)

Скопје - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе се обратат на доделување на договорите за новата мерка „Бизнис план во земјоделството“. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на промоција на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“. (Музеј на македонската борба за самостојност, конференциска сала/11:00, предвидени изјави за медиуми)

Кавадарци - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР ќе оствари работна средба со раководствата на СВР Струмица, СВР Велес и РЦ Југ. (Простории на РГ Југ во Кавадарци/10:30)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство  Маја Манолева ќе ја посетат Поликлиниката Железара по повод набавката на нова медицинска опрема - дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ЕХО апарат со две сонди набавен од буџетот на Министерството. (10:00, изјави за медиуми/10:15)

Скопје - Промоција на проекциите за населението во Република Северна Македонија до 2070 година, во организација на Државниот завод за статистика. (Собрание на Република Северна Македонија, голема сала/12:00, изјави за медиуми /13:00)

Скопје - Тркалезна маса на тема „Родово базирано насилство“ во организација на ОБСЕ. (х.„Александар Палас“/9:15)

Скопје - Советот на амбасадори и Кабинетот на поранешниот претседател ќе одржат трибина на тема „Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“. (КИЦ, сала „Империјал I“ 11:00, пристигнување на медиуми/10:30)

Скопје - Национална конференција „Низ призмата на младинската работа - Зајакнување на младинската работа и граѓанскиот активизам преку дигитално младинско учество“  во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА. (х.„Амбасадор/11:00, изјави за медиуми/10:45)  

Скопје - Панел сесија „Елиминирање на насилството врз жените и девојките: Решенија на граѓанското општество за елиминирање на насилството врз жените и девојчињата” во рамки на регионалната конференција СМАРТ Балкан. (х.„Хилтон“/9:30) 

Скопје - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ќе присуствува на трибината насловена „Превенирање на насилното однесување меѓу децата и учениците“. (Центар за култура на Општина Ѓорче Петров/18.30)

Тетово - Изјава на градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами. (пред „Веро”/14:00)

Скопје - МАНУ ќе добие специјализирана техничка опрема за зачувување на културните артефакти, донација од „Ротари клуб Скопје Вест“. (Македонска академија на науките и уметностите/11:00)

Скопје - Технолошко-Металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира работилница со наставници од средните училишта за традиционалниот натпревар за материјали и нано-материјали. (Технолошко-Металуршки факултет/11:00)

Скопје - Презентација на иновативни студентски проекти во рамки на програмата Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE) во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). (Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ/10:30)

Скопје - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 76 години постоење. (Факултет за земјоделски науки и храна/10:30) 

Скопје - Предавање по повод меѓународниот ден на човековите права. (Меѓународен Балкански Универзитет/13:30)

Скопје - Катедрата за германски јазик и книжевност ќе одржи презентација на меѓународната соработка во доменот на германистиката „Скопската германистика во светлина на интернационализацијата”. (Филолошки факултет, сала за седници/12:00)

Битола - Еднодневен Саем на креативни индустрии во организација на Здружението Балкан синема ситис. (Офицерски дом/11:00)

Скопје - Прес-конференција по повод балетската претстава „Молитви на моето тело“. (НУ Национална опера и балет, Фоаје/11:00)

Гевгелија - Гостување на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ во организација на Библиотеката „Гоце Делчев“ – Гевгелија. (Народен театар/19:00)

Скопје - Промоција на изданието „Меѓу предизвиците и решенијата - Водич за интегритет на медиумите во Северна Македонија“. (Клуб на новинарите/10:00)

Скопје - Марш на црвените чадори во организација на СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот, и ХОПС-Опции за здрав живот Скопје. (пред Спомен куќата на Мајка Тереза на ул. „Македонија“ /12:00)

Скопје - Промоција на „Граѓанска сила - Замисли“. (х.„Хилтон“/18:30)

Скопје - Издавачката куќа Антолог во рамки на проектот СОЗДАДЕНО ВО ЕВРОПА: МОЌТА НА РАЗЛИЧНОСТА ќе промовира шест нови книги. (16:00)

Струмица - Петнаесетто издание на „Роднокрајни поетски средби“. (EU House Струмица/19:30)

Скопје - Изложба „Парче од себе“ Инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. (Мултимедијален центар Мала станица/13:00)

Скопје - Отворање на изложбата: „Приказни за Летната школа по архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски, 1992-2017 Македонски национален павилјон на 18-тата меѓународна изложба на архитектура - Венециско биенале 2023“. (Кабинет на претседателот/13:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Милка Ефтимова”. (Музеј на Македонската борба за самостојност, фоаје/20:00)

Скопје - Инспирација од минатото, визија за иднината - корпоративна мултимедијална изложба на ХАЛКБАНК. (12:00)

Скопје - Премиера на втората сезона на тинејџерската ТВ Серија „Тин камп“.(INTERMEZZO Music Bar/16:00)

Скопје - Проекција на филмот „КАФЕ“ на иранскиот режисер Навид Михандост. (Кинотека на Македонија)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан