• сабота, 15 март 2025
МИА Најави МКД

15 март 2025

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински во рамки на кампањата „Каде што срцето е дома“ ќе ја посетат Општина Студеничани и ќе присуствуваат на поставување камен-темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка, делница село Црвена Вода „Китка“. (Локација /изјави за медиумите/11:15)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на отворањето на „Саемот за образование 2025“ во организација на студентската иницијатива „Студентарија“. (Скопје Сити Мол/10:45/изјави за медиумите во 11:00)

Скопје - Саем на македонска традиционална храна „Дојди, пробај, уживај!“ во организација на Националната федерација на фармери. (Скопје Сити Мол, прв кат/10:00-19:00, изјава за медиуми во 10:30)

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија премиерно ќе ја изведе симфониската суита „Итар Пејо“ од македонскиот композитор Филип Иванов како едукативен концерт за деца. (Македонска филхармонија/12:00)

Скопје - Поп-ап настан за трифт шопинг. (МАККА Бар/12:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан