• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

6 ноември 2025 

Скопје - Во организација на Парламентарниот институт ќе се одржи едукативна активност „Имам став“. (Собрание, сала Борис Трајковски/09:00-12:00)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на нов Културен дом во општина Петровец. (11:00, предвидена изјава за медиумите)

Ѓуешево  - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов ќе го потпишат Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8. (Железничка станица Ѓуешево)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на работилница за изработка на новата стратегија за образование 2026-2032. (х. Лимак/09:30)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на конференцијата „Науката како патоказ во време на промени“. (ИНОКС центар, плоштад Македонија/12:00)

Скопје - Амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас и претседателот на жири-комисијата за ЕУ наградата за истражувачко новинарство, Валентин Нешовски ќе се обратат на доделувањето на Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2025. (Europe House/19:00)

Скопје - Форум за социјални претприемачи во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). (Europe House/09:00)

Скопје - Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со заедничката програма на Европската унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ ќе одржат партиципативен форум на тема „Врсничко насилство како пречка за инклузивност и доверба меѓу заедниците”. (х.„Александар Палас“/10:00)

Скопје - Прес-конференција по повод големиот стенд-ап спектакл „На Линија со  Атанас И Тино“. (СЦ „Јане Сандански“, конфееренциска сала/11:00)

Скопје - Прес-конференција по повод претстојниот концерт на АРЕА и промоција на винилното издание на ,,Врати на имагинација". (Аудиокултура/13:00)

Скопје - Книжевна вечер со Фросина Пармаковска посветена на српското издание на романот „Одбројување“. (Простории на Српскиот културно-информативен центар „Спона“/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата АВТОПОРТРЕТИ и неколку ПАЛЕТИ на Миро Масин. (Галерија ОСТЕН/19:00)

Скопје - Отворање на модната изложба „Музиката во модата" во организација на Францускиот институт во Скопје и Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“. (Француски институт/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата Земјата која се промислува постојано - креативен геофилозофски патопис. (Музеј на современа уметност/19:00)

Скопје - Петто издание на најхедонистичкиот фестивал SKOPJE WHISKEY FEST 2025, во организација на Боттега Евенти. (х.„Мериот“)

Скопје - Солистички рецитал за баритон и пијано насловен „Звуци на срцето и душата“ во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“. (КИЦ, Салон 19 19/20:00)

Скопје - Концерт на Националниот џез оркестар и легендарниот американски состав „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets). (Национална опера и балет/20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан