• петок, 05 декември 2025
МИА Најави - МКД

24 јуни 2025

Скопје - Собранието ќе ја одржи 55. седница (сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/10:00)

Скопје - Собраниска посета на амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Паоло Палминтери и средба со претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери (канцеларија 253/10:45)

Скопје - Собраниска посета на делегација од Меѓупарламентарната група за пријателство Турција - Северна Македонија, на Големото турско национално собрание, предводена од претседателот Ахмет Килич

- средба со Бејџан Иљас, претседател на пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција и членовите на групата (сала на Уставна комисија/11:00)

- средба со Муса Џафери, претседател на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и членовите (сала на Уставна комисија/11:50)

Скопје - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање - Изет Меџити, заменикот-претседател на Владата задолжен за добро владеење - Арбен Фетаи, заменикот-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците - Иван Стоилковиќ, министерот за локална самоуправа - Златко Перински и министерката за образование и наука Весна Јаневска, ќе учествуваат на панел-дискусија по повод една година Влада, насловена „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“ (Свечена сала на Влада/11:00)

Хаг - На покана на генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе учествува на Самитот на НАТО, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Скопје - Конференција по повод Денот на јавните службеници и јавните служби во организација на Министерството за јавна администрација (хотел „Холидеј ин“/10:00, министерот Горан Минчев ќе даде изјава за медиуми во рамки на отворањето на настанот)

Гевгелија/Радовиш - Информативни денови и презентација на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година (мала сала на Народен театар, улица „7 Ноември“ без број/13:00), (сала на Совет на Општина Радовиш/10:00) (изјави за медиуми се предвидени пред настаните)

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи вториот јавен состанок за 2025 година (простории на Агенцијата, конференциска сала на втор кат/12:00)

Скопје - Во организација на Министерството за култура и туризам и Канцеларијата на Креативна Европа (Култура и МЕДИА) ќе се одржат панел-сесии на тема: „Креативна Европа - соработка, мобилност и вмрежување“ („Порта Македонија“/ 09:00)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски по повод одбележување 70-годишнина од постоењето на Општината, како и за претставување на програмата на јубилејните роденденски активности и на „Културното лето 2025“, што започнува на 26 јуни (кафуле „Минт“/11:00)

Скопје - Изјава за медиуми на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во врска со отпочнување реконструкција на градинка (пред детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1/10:45)

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата (пред Комисија за спречување и заштита од дискриминација, улица „Даме Груев“ број 1/12:00)

Скопје - Вечер со писателот Владо Јаневски (седиште на Друштвото на писателите на Македонија/19:00)

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан