МИА Најави МКД
- 28 декември 2023
28 декември 2023
Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија/10:00)
Скопје - Работна средба со претставници на Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации-УНФПА. (Сала 5/ 10:00)
Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 137 седница (Сала „Македонија“/ 11:00)
Скопје - Јелена Догазанска-Колева, членка на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Охридска сала/ 9:30)
Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе се обрати на промоцијата на дигитални интерактивни учебници за четврто, петто и шесто одделение, изработени во рамки на првата фаза од процесот на дигитализација на учебниците во основното образование во Република Северна Македонија. (х.„Мериот“/10:30)
Скопје - Министерот за правда Кренар Лога и академик Владо Камбовски ќе одржат брифинг за Развојната стратегија за правосудство ( 2024-2028). (12:00, изјави за медиумите по завршувањето на брифингот)
Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе одржи тематски брифинг со медиумите. (МЗШВ, кабинетска сала/10:30)
Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе ја посети Градската општа болница „8 Септември“. (13:00, изјави за медиуми по посетата)
Скопје - Конференција за презентација на новата методологија на Синдикалната минимална кошница во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија. (Сојуз на синдикатите на Македонија, сала на 6ти кат/10:15)
Тетово - Прес-конференција на претседателот на ДПА, Мендух Тачи. („NB-Hotel“, конференциска сала/17:30)
Тетово - Советот на Општина Тетово ќе ја одржи 25-та седница. (11:00)
Скопје - Прес-конференција на Европскиот сојуз за промена. (Во канцелариите на
коалицијата во Плоштадот Скендербег/12:30)
Скопје - „Поетска епизода“ во организација на младинската неформална организација за култура „Култура Бета“. (Кафе-книжарница „Буква“/21:00)
Скопје - Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall и JУ Меѓуопштински центар за социјална работа поддржани од Комерцијална банка ја организираат активноста ,,Волшебна елка на желби“. ( Ramstore Mall/ 12:30)
Скоје - Изведба на претставата „Падот на Масада“ на драмски театар.
Скопје - Кинотеката на Република Северна Македонија ќе ја одржи последната официјална филмска проекција за годинава. (20:00)
______________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***