23 април 2024
Скопје - Доделување новинарски награди на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“ и промоција на Прирачник за едукатори по новинарство - Известување за вештачка интелигенција“, издание на УНЕСКО, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). (Европска куќа Скопје /11:00)
Скопје - Тркалезна маса на тема „Одржлива иднина со зелени иновации, практична примена во компаниите“ во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. (х. „Александар 2“, ул.„Васил Главинов“ бр3/ 12:00, изјави за медиумите 11:45)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов по повод Првомајскиот протест. (ССМ, 10 кат / 12:00)
Прилеп - Прес-конференција на Независен синдикат на затворска полиција и администрација - Затвор Прилеп. (Пред Затвор Прилеп /12:15)
Скопје - Прес-конференција за промоција на новоформираната фондација Центар за дигитална трансформација „Go digital“. (ресторан бар ABC by Ria (ABC by Mosh), бул. „Илинденска“/11:00)
Скопје - Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје организира „Отворен ден“ за претставување на студиските програми на осумте факултети. (Нов објект на Универзитетот во поранешната касарна „Илинден“/11:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Тркало на времето“ на италијанскиот уметник Марко Бањоли. (Галерија Чифте амам /19:00)
Скопје - Изведба на балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на фестивалот „Танц фест Скопје 2024“. (Национална опера и балет /20:00)
Скопје - На фестивалот „Крај Вардарот џез“ ќе настапат пијанистката Дуња Иванова со „Мирисот на липите“ и Биг бендот со концерт посветен на Кире Костов. (Македонска филхармонија /20:00)
Велес - Националниот џез оркестар ќе одржи концерт од програмата „Џез лектира" од творештвото на Каунт Бејси. (Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ /20:00)
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024:
Скопје - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и носител на пратеничка листа во ИЕ1, Димитар Ковачевски, на средби со граѓани во Зелениково (пред ОУ „Марко Цепенков“/17:00), Студеничани (пред ОУ „Алија Авдовиќ“ во с. Љубош / 18:15) и на граѓански собир во Сопиште (19:30)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***