12 август 2025
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Универзитетската клиника за урологија д-р Башким Шабани ќе пуштат во употреба целосно реконструирано болничко одделение на Клиниката за урологија. (ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија, 2 кат/10:00)
Скопје - Свечен прием по повод 24-годишнината од Охридскиот рамковен договор, под покровителство на првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. (Клуб на пратеници/19:30)
Скопје - Прес-конференција на вработените во Флораком и Луна, ќерки фирми на ЈП Паркови и зеленило. (Пешачки премин на бул. „Илинден“ помеѓу Градски парк (Фонтана) и бараките на Општина Центар/11:00)
Скопје - Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија. (Сала на Град Скопје, барака 13/9:00)
Галичник - 36. сесија на Ликовната колонија Галичник на тема Постмеморија – Одек на тишината.
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***