• петок, 26 јули 2024
МИА Најави МКД

1 јуни 2024 

Струга - По повод почеток на полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети СОУ „Нико Нестор“ во Струга. (10:00) 

Скопје – Директорката на Државниот испитен центар Билјана Михајловска ќе го посети СУГС „Орце Николов“ во Скопје. (10:00)

Скопје – Промотивна панел средба на зборникот „Учителско наследство и развојната образовно воспитна практика“. (ПСУ „Јахја Кемал“/ 11:00)

Скопје - Втор фестивал за домување во организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје. (Парк на франкофонијата /12:00)  

Охрид – Голема еко-акција во Охрид - Заедно, за #НашатаГордост, Охридското Езеро! (локација: плажата Дебрца, стар пат Охрид - Струга, во близина на реката Сатеска/ 10:00)

Скопје – Концерт на Националниот џез оркестар со Греми-добитникот, тапанарот Џон Рајли и светски познатиот биг бенд диригент, Зиги Фајгл. (Македонски народен театар/ 20:00)

Скопје – Промоција на новото 51. издание на SJF Records, албумот „Нудист“ на ПИЈАН СЛАВЕЈ. („Буква“/ 13:00)

Скопје – По повод 1 Јуни - Меѓународниот ден на децата, Мрежата „Гласот на жените за мир и солидарност“  организира детска културна манифестација од хуманитарен карактер. (паркот во општина Чаир, кај споменикот „Сребреница“/ 11:00)

Битола - Премиера на Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, изготвенa во продукција на „New Clаp“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во Могила и Новаци. (Општинскиот двор во Могила /12:00; Опшптински двор во Новаци /18:00)

Скопје – Целодневен настан насловен „Поврзување низ слоеви и афекти“ во склоп на дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. (Музеј на современа уметност)

Прилеп – Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „ЗА НАС“ организира донациски базар „Сестрите за сестрите“. (кај Градскиот саат во Прилеп/ 12:00)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан