• сабота, 16 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

19 октомври 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Собрание, Сала 5/12:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со претседателот на Парламентарното собрание на Совет на Европа, Тини Кокс. (Собрание, сала на Влада/15:30)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши ќе ја посетат фабриката за производство на сувомеснати производи „Мис Глобус ДОО“. (Населба Хром, ул.„Веле Марков“/11:00)

Скопје - Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА организираат меѓународна конференција на тема „Поширока европско општество: Важноста на локалното владеење“. (МНР/9:30)

Скопје - Конференцијата по повод „10 години Национална рамка на квалификации“ во организација на Министерството за образование и наука. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Презентација на 24-то издание на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан. (х.„Мериот“, АБЦ сала на 1-ви спрат/10:00)

Скопје - Регионална експертска конференција во рамките на проектот „Правдата нека владее со регионот“ во организација на Европско движење (ЕММК) и Национална конвенција за ЕУ (НКЕУ-МК). (х.„Александар Палас“/10:00)

Скопје - Брифинг за новинари на тема „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации“ во организација на Министерството за здравство. (Three Kitchen & Bar,50-та Дивизија бр. 25/10:00, изјави за медиуми на крајот на брифингот/11:00)

Штип - Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Академијата за Европски интеграции од Скопје и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ја организираат „Катедра Аденауер 2023“ на тема „ЕУ и НАТО на Западен Балкан во контекст на новите политички и безбедносни предизвици“. (Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, Правен факултет/11:00, изјави за медиумите/10:45)

Скопје - Форум за Родово Одговорно Буџетирање на тема "Going Glocal: Родово одговорно буџетирање во Западен Балкан & Молдавија". (Јавна Соба/9:00)

Скопје - Прес-конференција на Меѓународниот филмски фестивал Киненова. (Синеплекс, Сала 4/11:30)

Скопје - Изјава на претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. (Пред зградата на ССМ/10:45)

Скопје - Независниот Синдикат на здравствените работници и административно техничкиот персонал ќе даде изјави за медиумите. (Во дворот на Клинички центар “Мајка Тереза” на паркинкот помеѓу црквата и наплатниот центар/10:45, и пред ГОБ 8--ми Септември од пред влезот на Болницата/10:45)

Скопје - Националното здружение за Мултиплa Склероза (МС) во соработка со Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) организираат едукативен интерактивен настан по повод Националните денови на МС. (Медицински факултет, амфитеатар на Деканатот/12:45)

Скопје - Фондацијата Метаморфозис ќе одржи конференција „Заштита на приватноста во дигиталната ера: во потрага по заеднички решенија“. (х.„Арка“/10:00)

Скопје -  Потпретседателот на Habitat for Humanity International за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, Рик Хатавеј, градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш и Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија ќе одржат состанок по повод основање на Локална лидерска група во Општина Шуто Оризари. (11:00, изјави за медиумите пред зградата на Општина Шуто Оризари/12:00)

Скопје - Прес-конференција на проф. д-р Вело Марковски на која ќе ги објави своите намери за поднесување на своја кандидатура на претстојните претседателски избори. (Простории на Прима Данца. ул.„ 23 Октомври“ 1a/5/локал 1, во близина на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување/13:00)

Скопје - Прес-конференција на Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи граѓани Градиме иднина. (Пред седиштето на Основното Јавно Обвинителство/11:30)

Скопје - Регионален форум за Родово Одговорно Буџетирање, завршен настан во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијтиви, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост". (ресторан Пелистер/13:00)

Скопје - „Есенски базар“ во организација на Скопје Сити Мол. (Скопје Сити Мол/10:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Повисоко од себеси“ од академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски. (Културно-информативен центар-КИЦ, салон „Империјал II“/20:00)

Скопје - Промоција на изложба и каталог со наслов „Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане - Македонската „робинзонијада“ на семејството бегалци Малахови“. (Музеј на град Скопје/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата "Паралелни светови" на фотографот Денис Јагџи. (Стара скопска чаршија, Сули ан - галеријата „Драгутин Аврамовски - Гуте“/19:00)

Сао Паоло - Скопје Филм Студио со два филма ќе учествува на 47-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Паоло во Бразил. 

Пробиштип/Крива Паланка - Премиера на најновиот филм на Јани Бојаџи, „Кино Љубов“. (Центар за култура во Пробиштип, Центар за култура во Крива Паланка)

Скопје - 42. издание на Скопскиот џез фестивал. (Национална опера и балет/20:00 и МКЦ - Дансинг сала/23:00)

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николас Чалмерс од Англија ќе изведе музика од Збигњев Прајснер напишана за филмовите на еден од најзначајните европски режисери - Кшиштоф Кишловски. (Филхармонија/20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан