25 ноември 2025
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување. (свечена сала на Влада/11:00, по завршување прес-конференција)
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и амбасадорот на Република Полска, Мариуш Бримора ќе го посетат театар Комедија. (Театар Комедија/11:00, изјави за медиуми/11:30)
Скопје - Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија, Трајко Славески и директорот на Фондот „Green for Growth Fund“, Борислав Костадинов ќе се обратат на конференцијата „Климатски ризици и финансиска стабилност: справување со денешните предизвици и искористување на утрешните можности“. (х.Мериот/9:30, и во живо на каналот на Народната банка на „Јутјуб“)
Скопје - Прва регионална конференција за волонтирање насловена „Мостови на искуство: Зајакнување на сениорското волонтирање за одржлив развој низ Балканот. (Клуб на пратеници/09:00)
Скопје - Прес конференцијата на потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми. (седиште на ДУИ во Скопје/11:00)
Скопје - Отворање на изложба на автохтона уметност на текстил од Женскиот центар Бабара во организација на Австралиската амбасада во Белград по повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Австралија и Република Северна Македонија. (во Музејот на современа уметност/19:00)
Скопје - Прес-конференција под мотото „Минута до 12, стоп на насилството“ во организација на Националната бесплатна мобилна СОС-линија (141 700) при Сојуз-Национален совет за родова рамноправност. (Граѓански Ресурсен Центар-Скопје/11:00)
Скопје - Панел дискусија „Ни наши, ни ваши - реформа за фер вработувања во здравството“ во организација на “БЦКП „Солуција“. (Јавна соба/15:00)
Скопје - Прес-конференција на ХЕРА по повод започнувањето на глобалната кампања „16 Дена активизам за борба против насилство врз жените“ (Плато на УКИМ/ 9:30)
Битола - Прес-конференција на Центарот за култура-Битола посветена на претстојниот Фестивал на музика од светот. (Центар за култура/11:00)
Скопје - „ART CODE“ изложба на Маја Ралева Миладиновски. (Културно-информативен центар/20:00)
Скопје - Групна изложба насловена „Инфра ред - уметност на иднината“ на осум хрватски уметници Дијана Назор Чорда, Ивана Ожетски, Марија Галиќ, Нада Жиљак, Јана Жиљак Гршиќ, Вилко Жиљак, Ивица Фиштер и Ивана Жиљак Станимировиќ. (Мала станица/20:00)
Скопје - Промоција на документарниот филм „Езеро од јаболка“. (Cineplexx/12:00)
_______________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***