• недела, 22 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

30 октомври 2024 

Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи средба со министерот за Хаџ на Кралството Саудиска Арабија, Тавфик Ф. Алрабиах. (Стар кабинет/10:00)

Скопје - Конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на лицата со попреченост. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Дигитален мост: Собраниски хакатон, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка. (Кристална сала/10:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник на изградба на нова градинка во Ново Село кај Стопански Двор во Општина Ѓорче Петров. (11:00)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на националната конференција „Медиумска писменост во образованието“. (х.„Лимак/10:00)  

Скопје - Словенечкиот амбасадор Грегор Прескер ќе се сретне со пратеникот Љупчо Николовски. (Собрание, Канцеларија 207/13:00)

Скопје - Седница на Уставен суд. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Настан „Во пресрет на 29. Конференција на страните на Обединетите нации за климатски промени -  зголемување на амбициите и овозможување акција“, организиран од Програмата за развој на Обединетите нации. (х.„Мериот“/11:00)

Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК)  ќе ја одржи 15-та сесија на Работната група 4 (Поглавје 24)-„Правда, слободa и безбедност“ на тема „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Република Северна Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“. (Клуб на пратеници/9:30)

Скопје - 23. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на региони на Европската Унија (ЗКК) во организација на Заедницата на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа. (х.,,Александар Палас“/9:30, изјави за медиумите/11:00)

Скопје - Директорката на Централен регистар Анита Стамнова ќе се обрати на настанот по повод  „Денови на Централен регистар, прогрес и визија кон иднината“. (Народна банка, голема сала за прес состаноци/12:30)

Скопје - Прес-конференција на пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска. (Собрание, прес центар/10:45)

Битола - Регионалните стопански комори со седиште во Битола и Прилеп организираат Форум Пелагонија-Преспа на тема „Земјоделство и храна“. (Винарија Лозар-Битола/13:00)

Скопје - Јавен форум за еднаквост во образованието. (х.„Арка“/10:00, регистрација на учесниците/9:30)

Гостивар - Прес-конференција на Синдикатот на УПОЗ. (Пред Основен суд Гостивар/10:00)

Скопје - Панел дискусија како завршен дел од караванот за розов октомври - месец за подигање на свеста за ракот на дојка. (На Универзитет Скопје/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Скендеровски продукција. (Ресторан „Дион“ - ГТЦ/13:00)

Скопје - Прмоција на книгата „Очи во очи“ од поетесата и писателка Ели Маказлиева. (Дом на културата „Кочо Рацин“/12:00)

Регенсбург - Отворање на изложбата „Understory“ на Оливер Мусовиќ. 

Скопје - Отворање на изложбата „Австриската уметност по 1945“. (Даут пашин амам/18:00)

Скопје - Премиера на филмот „Најдоброто од Франција“, во рамки на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. (Кино „Синеплекс“, Сити Мол/20:00)

Скопје - Изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Концерт „Ноктурно за Шопен“ на кој премиерно ќе бидат изведени 17 дела од современи композитори – жени напишани во чест на Шопен. (Филхармонија, камерна сала/19:00) 

 Скопје - 35-та Jam сесија во културно едукативниот центар Лабораториум. (21:00)

 

_______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан