• петок, 15 ноември 2024
МИА Најави - МКД

14 август 2024

Скопје - Прес-конференција по координацијата на скопските градоначалници за актуелните состојби во главниот град. (Простории на Општина Кисела Вода/11:30)

Македонски Брод - Општина Македонски Брод и Сојузот за младинска работа ќе го отворат Младинскиот центар по повод одбележување на Светскиот ден на младите - 12  Август. (Младински центар, ул. „Партизанска“ бр. 22 / СОУ „Св. Наум Охридски“/12:00)

Охрид - Пливачот Томи Стефановски организира хуманитарен настан „Пливање за инклузија“ по повод 15-годишнината од препливување на каналот Ла Манш заедно со невладината организација ИТК Македонија - Скопје и Охридскиот пливачки паратон. (Од х.„ Десарет“ во месноста Пештани, ќе плива до Црквата „Св. Јован Канео“ и назад до охридското пристаниште/10:30)

Скопје - Отворање на изложбата „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ на уметникот Доротеј Нешовски. (Младински културен центар/20:00)

 

_________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан