13 август 2025
Скопје - Седница собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/12:00)
Скопје - Во Владата ќе се одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, на која ќе се обрати претседателот на Владата Христијан Мицкоски. (10:00/Настанот ќе биде пренесуван во живо на „Фејсбук“ и „Јутуб“ каналот на Владата)
Гостивар - Министерот за здравство, Азир Алиу ја продолжува иницијативата „Мобилен кабинет“ со посета на Општата болница Гостивар. (Предвидена е изјава за медиуми, хол на влезот на болницата/13:30)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер, Бојана Нацева - виш специјалист за образование на Светска банка, тим лидерот на проектот „Образование за вработување“ Курт Вутрих и извршниот директор на здружението ЗМАИ, Виктор Митевски ќе одржат прес конференција во врска со новата методологија за финансирање на основното и средното образование, усвоена на последната владина седница. (Министерство за образование и наука/11:00)
Скопје - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, ќе даде изјава во врска со започнувањето на процесот на полагање за лиценци за воспитувачи, негователи, стручни работници и соработници и директори во установите за детска заштита. (Пред Филозофски факултет/9:15)
Скопје - Град Скопје ќе одржи јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. (Сала на Град Скопје барака 13/9:00)
Скопје - Националната Алијанса за Интеграција организира свечена академија по повод 24-годишнината од Охридскиот рамковен договор. (Александар Палас/18:00)
Тетово - Алијансата за Албанците на Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција. (Централно седиште во Тетово/12:00)
Скопје - Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ ќе одржи прес-конференција за 16-то издание на „МакеДокс“. (МКЦ/11:00)
Скопје - Спортска дружба со атлетичарот Кокан Ајановски како дел од проектот „На одмор сум, во Центар сум“ во организација на Општина Центар. (Кај скалите под Хотел „Парк“ на кејот на Вардар/19:00)
Скопје - Концерт на Вероника Караколева - сопран и Фросина Џини - пијано. (Ликовен салон/20:00)
Крушево - Меморијален турнир во мал фудбал Сотир Мазар 2025. (Повеќенаменско игралиште на Гумење/18:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***