• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

20 август 2025 

Кочани - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворањето на нова хала на компанијата „Амфенол“. (12:00; предвидена изјава за медиумите)

Скопје - Град Скопје ќе одржи јавна дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Чаир и на Општина Бутел со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. (Сала на Советот на Град Скопје, барака број 13/9:00) 

Штип - Прес-конференција по повод претстојните уписи на УГД 2025/2026. (Пред Правниот факултет во центарот на Штип/10:00)

Скопје - Претседателот на Здружението SOS VITA, Ертан Шаќири ќе одржи прес-конференција. (Здружение SOS VITA, ул. „Џон Кенеди“, Чаир/12:00)

Скопје - Книжевна средба со Капка Касабова во организација на Или-Или. (Кафе-книжарница Буква/20:00)

Скопје - Проекција под отворено небо, по повод 20 години од најгледната црна комедија „Бал-кан-кан“ во режија на Дарко Митревски. (Rooftop Open Air Cinema, Скопје Сити Мол/20:30)

 

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан