• петок, 26 јули 2024
МИА Најави  - МКД
4 февруари 2020 Варшава - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во официјална посета на Република Полска. Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 131. седница.  (сала „Македонија“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала 10/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала 6/10:00) Скопје - Седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 4/10:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура. (сала 6/14:00) Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе извршат увид во градежните работи на дел од канализациска мрежа во индустриската зона „Визбегово“, Општина Бутел. (10:00, по увидот се предвидени изјави за медиумите) Скопје - Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, заедно со претставници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе остварат средба со Здружението на пензионери од Општина Гази Баба. (Клуб на пензионери, во кругот на ОУ „Григор Прличев“, нас. Железара, ул. „Гемиџиска“ бр. 65/10:00, изјави за медиуми пред почетокот на средбата) Скопје - Прес-конференција на министерот Крешник Бектеши во врска со Јавните повици од Програмата за енергетска ефикасносот, Програмата за туризам и Програмата за конкурентност и иновации за 2020 година. (простории на Министерството за економија, сала на кат 1/11:30) Скопје - Министерот за здравство  Венко Филипче ќе присуствува на одбележувањето на 4 Февруари, Светскиот ден за борба против ракот. (во канцелариите на Здружението „Борка - за секој нов ден“, дисконт „Тинекс“, бул. „Борис Трајковски“ бр. 19/10:00) Скопје - Прес-конференција на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. (простории на МТСП/11:00) Неготино  - Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделствоо и рурлниот развој Николче Бабовски и шефот на кабинетот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Никица Бачовски ќе дадат изјава за медиумите на тема: субвенции. (на насадите на „Балкан Тим “, на локалниот пат кон селото Курија/10:30) Скопје - Завршна обуката за користење на мрежната платформа за следење и потврдување (MVP-МВП) на заштедите од енергија и намалување на емисиите на стакленички гасови. (х. „Карпош“/10:30-14:00, изјави за медиуми/11:30-12:00) Скопје - Прес-конференција на Град Скопје, на која ќе се обрати градоначалникот Петре Шилегов. (сала за состаноци до Кабинетот на градоначалникот/12:00) Велес - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во посета на Општина Велес. (посета на фирма „Агрија“/12:30, изјава за медиуми пред компанија „Лутекс“ (просториите на поранешна Свилара) во 13:20, посета на фирма „Лутекс“/13:30, работна средба со стопанственици во хотел „Гарденија“/16:30, работна средба со просветни работници во „Епицентрум“/18:15) Скопје - Програмска трибина на СДСМ: „Агенда Отворена власт 20-24, креираме решенија за новата програма“. (Јавна соба/18:00) Тетово - Претседателот на ДПА, Мендух Тачи ќе се сретне со унгарскиот амбасадор. (седиште на ДПА/12:00, а Одделението за Образование, Култура, Млади и Спорт ќе одржи прес-конференција кај седиштето на ДПА/15:00) Брисел - Изведба на дело од Михаило Трандафиловски во рамки на проектот ECCO (European Contemporary Composers Orchestra). --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан