• четврток, 29 август 2024
МИА Најави МКД
29 јануари 2020 Скопје - Седница  на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 10/10:00) Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј ќе се обратат на НАТО работилницата. (МНР/9:00, изјави за медиумите по воведните обраќања) Скопје - Заменик - претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и делегација на Секретаријатот за европски прашања ќе остварат работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија на РСМ предводени од главниот државен ревизор, Максим Ацевски. (Простории на ДЗР/12:00, изјави за медиуми/12:45) Кавадарци - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ќе го посетат село Моклиште каде се спроведуваат проекти преку Програмата за рурален развој. (село Моклиште, изјави за медиуми/11:00) Скопје - Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 330. седница. (Судски совет на РСМ/10:00) Штип - Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) ќе ја одржи првата работилница од проектот „Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен“. (х.„Оаза“/12:00) Скопје - Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе одржи јавна расправа за Предлог-мрежни правила за пренос на електрична енергија на АД МЕПСО. (Стопанска комора на Македонија, 5 кат, сала број 4, изјави за медиуми/10:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе присуствува на презентацијата на новата механизација за почист Карпош. (Паркинг пред Аква паркот во СЦ „Борис Трајковски“/10:00, изјава за медиуми/10:15) Скопје - Советот на Град Скопје ќе ја одржи 48. седница. (Сала на Совет на Град Скопје/11:00) Скопје - Генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски ќе одржи прес-конференција на која ќе ги промовира новите ребрендирани сметки. (Простории на ЈП „Водовод и канализација“/10:00) Тирана - Седма дримска конференција во организација на Глобалното партнерство за води-Медитеран Global Water Partnership-Mediterranean.  Скопје - Концертна промоција на албумот „Bedtime stories“ од Линколн Летер. (МКЦ/20:00) ________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан