• сабота, 27 јули 2024

МИА НАЈАВИ - МКД (ДПЛ)

МИА НАЈАВИ - МКД (ДПЛ)

1 април 2024

Скопје - Работна средба на Клубот за младински прашања и политики. (Собрание/сала на Уставна комисија/09:00-11:00) 

Скопје - Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ ќе одржи средба со граѓански организации насловена „Соработка и дијалог со граѓанското општество - состојби и перспективи“. (мултимедијален центар „Мала станица“/13:30)

Делчево - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе го посети  Регионалниот центар за гранични работи Исток и граничниот премин „Делчево“. (изјави за медиуми ГП Делчево/13:00)

Тетово - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами. (прес-центар на Општината/11:00)

Тетово - Централно собрание на Алијанса за Албанците - крило на Арбен Таравари. (х. „Меркур“-Тетово/15:00)

Тетово/Гостивар – Претставници на ДУИ: на средба со  спортски работници во Тетово (Дом на култура/14:00); на средба со здруженија за заштита на животната средина (село Неготино/16:00); ќе присуствуваат на отворањето на штаб во општина Врапчиште. (село Неготино/17:30) 

Скопје - Втор симпозиум „Аптекарска здравствена заштита - СМАРТ Фармацевт Дијабетес. (х. „Дабл Три Хилтон/15:00 до 18:00)

Скопје - Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе го одбележи Денот на Факултетот. (х. „Александар Палас“/12:00)

Скопје - Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!”, Општина Кисела Вода организира забава под маски за најмладите. (сала Расадник/11:00)

Скопје - Априлијада на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи априлијада. (13:00)

_________________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Фото: МИА архива

Остани поврзан