МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 12 декември 2025
12 декември 2025
Ново Село - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник на нова училишна спортска сала во населено место Колешино, во Општина Ново Село. (13:00, предвидена е изјава за медиуми)
Скопје - Прес-конеференција на заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт. (Меѓународен аеродром Скопје/пристигнување на медиуми 12:00; прес-конференција 13:00)
Охрид - Министерот за култура Зоран Љутков официјално ќе ја отвори Министерската конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ „Јакнење на културата во функција на одржливиот развој“. (х. „Јуник“ /10:00)
Скопје - Прес-конференција на директорот на Царинска управа, Бобан Николовска, и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова. (Царинска управа/9.00)
Скопје - Изјава за медиуми на генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. (Простории на ФЗО / 12:30)
Скопје - Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ во рамки на програмата Демократски навигатор 2025 – Недела на човековите права во организација на ЦИВИЛ. (Граѓански ресурсен центар/10:00)
Скопје - Центарот за климатски промени ќе промовира Извештај во сенка за состојбата со усогласувањето и спроведувањето на законодавството за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени во Република Северна Македонија. (Јуроп хаус / Еurope House / 12:00)
Скопје - Отворање изложба на колажи „Патувања“ изработени на работилниците организирани по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. (Мала станица /12:30)
Софија - Концерт на македонскиот бенд КОД 369. (Македонски културно-информативен центар во Софија/18:30)
Белград - Отворање на изложбата „Нишки / Threads“ во рамки на соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Факултетот за ликовни уметности во Белград. (Галерија на Факултетот за ликовни уметности во Белград/ 19:00)
Скопје - Промоција на монографијата „Професорот Петре Т. Георгиевски: Социологијата како професија и како вокација“. (Мултимедијален центар „Матица ексклузив“/18:00)
Скопје - Завршен настан на проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање - R-3DFil“, во организација на здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип. (Netaville, 12:00)
Скопје - Премиера на новиот проект на „Светот на Биби“ - анимиран филм развиен од InnovaRights & Licensing - партнерска компанија основана од DexyCo и „Светот на Биби. (кино Синеплекс /12:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***