• понеделник, 22 декември 2025

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

14 јуни 2025

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на настан „Од нива до трпеза - сè од нашата општина“, организиран од Здружението „Наша традиција, наша иднина“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Парк „Авионче“ во општина Аеродром / 11:00)

Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе присуствува на церемонија за прогласување на Џозеф и Шерли Диогуарди за „Почесни граѓани“, во организација на Општина Чаир. (х. Холидеј Ин/17:00

Тетово - Министерот за економија и труд  Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување Селајдин Салиу на средба со граѓани во Тетово ќе го презентираат Оперативниот план за вработување за 2025 година, со фокус на мерки за унапредување на вработувањето, поддршка на младите и жените на пазарот на трудот, програми за самовработување и стручно оспособување. (х. Меркуре, 13.00/изјави за медиуми/12:45). 

Скопје -  Изјава на претставници на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија за исплатата на платите на вработените во ЈСП Скопје. (11:00

Охрид / Струга - ИПА велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда „На точак Охрид и Струга да видам“. (Охрид - Градско пристаниште / 8:00, Струга - Еуро хотел“ / 8:45)

Скопје - Промоцијата на романот „Судниот ден“ на Александра Димитрова во издание на „Фуснота“. (Кафе-книжарница „Буква“ / 18:00)

Скопје - Промоција на книгата „Еден маж и една жена или како љубовта раздвојува светови“ од Елена Пренџова. (Зелениот покрив на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин"-Скопје, улица „Димитрие Чуповски“20а  /19:00)

Демир Хисар - Саем за пчеларство и пчелни производи. (Градски плоштад / 10:30)

 

 

_______________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан