МИА Најави-свет
- Брисел – Состанок на министрите за одбрана на Европската унија.

14 Ноември 2023
Брисел – Состанок на министрите за одбрана на Европската унија.
Берлин – Средба меѓу премиерите на Германија и Грција, Олаф Шолц и Киријакос Мицотакис.
Копенхаген – Дебата во парламентот на Данска за предлог-законот за забрана на уништување на муслиманската света книга Куранот.
Њујорк – Состанок на Советот за безбедност на ОН за мировните операции во светот и за санкциите против Јемен и Сомалија, како и за мисиите на ОН во Централноафриканската Република и на границата меѓу Судан и Јужен Судан.
Лондон – Прослава на 75-тиот роденден на британскиот крал Чарлс Трети.