• понеделник, 18 ноември 2024
МИА Најави – МКД
6 јуни 2021 Скопје - Премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на „Македонија пат“, Беким Мемеди ќе направат увид на реконструкцијата на патниот правец Кавадарци-Дреново, по што се предвидени изјави за медиумите. (Дреново крстосница, пумпа Макпетрол-влез кон Кавадарци/10.00) Скопје -  Прес-конференција на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски. (10.00/ Прес-конференцијата на македонски јазик  Прес-конференцијата на албански јазик ) Скопје – Прв пијано маратон на македонската музичка сцена  „8 ЧАСА ЉУБОВ - ПИЈАНО МАРАТОН“ во продукција на Пијано Центре.  (во салонот на Пијано Центре во склоп на  Национална Опера и Балет/11:00-19:00) Скопје - Локомотива во соработка со ЛГБТИ центарот за поддршка и социо-културниот центар Комитет организира  THE ULTIMATE – прв дел од серијата отворени работилници за дрег и квир култура со Александар Георгиев – Аце и Дарио Барето Дамас. (во Комитетот/17:30) Охрид - Петто издание на атлетската манифестација Охрид ТрчаТ за еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и можности. Скопје –  Видеолотарија: Дружба со Пандев и влезници за Австрија – Македонија. (фан-страница на Фејсбук на Државна Видеолотарија на Македонија, во live chat!/14:30) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан