• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави – МКД
11 јуни 2021 Скопје - Онлајн состанок на управувачките групи на Собранието на Северна Македонија и Шведскиот парламент на тема „Односот меѓу парламентарното мнозинство и опозицијата во демократските општества“. (11:00-13:30) Скопје – Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 6/12:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала на Уставна комисија/13:00) Скопје - Прес-конференција на министерите за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Бесими и Арјанит Хоџа и на директорот на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи. (https://www.youtube.com/watch?v=imtenBsCUf8/11:00) Скопје - Средба со новинари на Дирекцијата на ТИРЗ за резултатите од направената анализа за ефектите на дел од мерките за поттикнување на странски инвестиции. („Трибека“, бул. „Илинден“ 104/12:00) Скопје – Шеснаесетта јавна седница на Агенцијата за пошти. (платформа ZOOM, https://zoom.us/j/98107303837?pwd=ZUNDWjNWdTVGNkxhdWZpUVJkaFhhdz09 /11:00) Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ за изградба на нова детска градинка, прва во населбата Пролет. (урбана заедница Славе Георгиевски – Шнајдер, ул. „Мирче Ацев“ бр. 1, улица која води до влезот на ООУ „11 Октомври“ /11:30, доколку се влошат временските услови, пресот ќе се одржи во салата на Советот на Општина Центар, барака бр. 6) Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија – НКСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото – НС ГРИТГ. (пред Универзална сала/12:10) Скопје - Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) и професионалните здруженија на судии и судска администрација организираат конференција за ефикасност на работата на судиите и судската администрација. (х. „Александар Палас“/10:30) Скопје – Коалицијата Маргини и Фондацијата отворено општество – Македонија ќе го промовираат Извештајот од истражувањето на влијанието што мерките за справување со КОВИД -19 го имаат врз човековите права на маргинализираните заедници. (платформа ZOOM/10:00) Скопје – Одбележување на 35 години од изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет во организација на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК). (на платформата ZOOM, https://istanbul-edu-tr.zoom.us/j/93263206876?pwd=TlI0aU15RUthZjAxKzlFTkpLd3hkUT09  /10:00) Скопје - Нова, дигитално реставрирана копија на првата македонска филмска комедија: „Мирно лето“ на режисерот Димитрие Османли, од 1961 година. (Кинотека на РСМ, летно кино/20:00) Скопје - Промоција на книгата „Светлината на убавината и уметноста” од Мимоза Рајл. ( парк пред КИЦ/19:00) Валандово - Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“ во соработка со Општина Валандово ќе ја реализираат првата книжевна манифестација „Валандовско поетикување“. (Градски парк „Пеонија“/18:00) Белград - Проекција на филмови за Кирил Џајковски и The Hip на фестивалот „Докенритам“. Скопје – Директорот на Агенцијата за млади и спорт ќе додели сертификати на 14 младински работници за успешно завршена програма за образование со што и официјално  ќе се стекнат со титула „ Работник за млади”. (простории на АМС/11:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан