• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави – МКД
18 март 2021 Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ja продолжи 25. седница. (Голема сала/12:00) Скопје – Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Фадил Зендели ќе се сретне со претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, Ахмед Бин Мохамед Ал-Јарван. (Кабинет бр. 143/11:30) Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:00) Скопје – Седници на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (сала „Борис Трајковски“/11:00 и 12:00) Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе биде дел од панелистите за време на дискусијата која ќе се одржи во рамките на настанот за презентација на публикацијата „Потенцијалот на извозно ориентираните компании за придонесот за пост Ковид-19 економското опоравување во Северна Македонија“. (х. „Мериот“, изјави за медиумите/11:00-11:15) Кочани - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев ќе извршат увид во изградба на инфраструктурни проекти во општината. (изјави за медиумите пред новата бензинска пумпа на Лукоил во Кочани/10:30) Скопје - Подготвителна седница на Уставниот суд на Р С Македонија за предметите во кои е оспорена уставноста на указите за прогласување на Законот за Договорот од Преспа и Законот за употреба на јазиците.(Уставен суд/10:00) Скопје - Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ќе одржат тркалезна маса под наслов: „Конески - мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“. (на платформата ZOOM/12:00) Скопје - Чествување на големиот македонски поет Анте Поповски по повод 90 години од неговото раѓање, на кое беседа за неговото творештво ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци’, Спомен-соба на Миладиновци.12:00) Скопје - Оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Музиката и градот“ на кој праизведба ќе доживее електроакустична симфониска поема „Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска. (19:00) Скопје - Завршни настани на ОСТЕН Биеналето на ЦРТЕЖ Скопје 2020, официјално објавување и доделување на наградите и проекција на документарниот филм „Ецио Грибалдо“ – „Убавината ќе не спаси“ во продукција на Квинта луче. (Национална галерија, мултимедијален центар „Мала станица“/19:00) ______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан