• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави – МКД
14 мај 2020 Штип - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски ќе имаат изјави за опремување на бачилата со соодветна опрема во штипско Ново Село. (медиумските екипи треба да бидат на патот кај Бања Кежовица најдоцна до 10:45, изјави/11:00) Скопје - Царинската управа во рамки на македонското претседателство со ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки, ќе го организира 19-тиот состанок на Поткомитетот за царина и потекло на стоки. (Состанокот ќе се одржи преку видео конференциска врска)
Скопје - Онлајн завршен настан на Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година „Чиста енергија за чист воздух“ спроведуван од ЗГ Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД. (ZООМ дигитална платформа/11:00)
Скопје - Изјава на директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Скендер Асани. (Пред спомен-плочата каде што се наоѓаше куќата на Мајка Тереза, на плоштад „Македонија“/11:00)
Скопје - Прес-конференција на претставникот на Синдикатот на полицијата во Македонија Дејан Саздов. (пред Апелациониот суд - Скопје/11:00)
Скопје - Women in Tech Македонија и Импакт Фондација - Скопје организираат oнлајн конференција за жени и девојки во технологија и претприемништво „Девојки во технологија“. (17:00)
________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан