• вторник, 17 декември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
15 септември 2022 Скопје – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шведска, на Унгарија и на Република Ерменија. - предавање  на акредитивните писма од страна на Ами Ларсон Џеин, новоименувана амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија. (Кабинет на претседателот/ 10:00, снимателите и фоторепортерите да пристигнат/ 9:30) - предавање на акредитивните писма од страна на Андраш Клајн, новоименуван амбасадор на Унгарија во Република Северна Македонија. (Кабинет на претседателот/ 11:00, снимателите и фоторепортерите да пристигнат/ 10:30) - предавање на акредитивните писма од страна на Армен Једигариан, новоименуван амбасадор на Република Ерменија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија. (Кабинет на претседателот/ 12:00, снимателите и фоторепортерите да пристигнат/ 11:30) Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 12:00) Скопје – Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери ќе се сретна со вонредната и ополномоштена амбасадорка на Украина Лариса Дир. (Собраниие, Стар Кабинет/ 10:00) Скопје – Клубот за младински прашања и политики, во коорганизација со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, ќе одржи отворена младинска дебата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“ (Собрание, сала „Борис Трајковски“/ 11:00 – 13:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 10/10:00) Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/ 11:00) Скопје – Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска по повод Меѓународниот ден на демократијата ќе учествува на дебатата на тема „Дигитална демократија – патека кон поголемо учество на граѓаните“. (Клуб на пратеници/ 11:00) Скопје – Министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која ќе се обратат на настанот „Северна Македонија и ОБСЕ: 30 години партнерство“. (х. „Мериот“/ 10:00) Букурешт – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе оствари работни посети на МВР на Романија и на седиштето на СЕЛЕК во Букурешт. Скопје – Министерот за правда Никола Тупанчески ќе има свое обраќање на промоцијата на ,,Националната стратегија за превенција и правда за децата(2022-2026) и Акциски план(2022-2023). (во Конгресната сала на Стопанската комора на РСМ/ 11:00) Скопје – Работен состанок на претседателот Бранко Азески со министерот за економија Крешник Бектеши, на која ќе присуствуваат дел од компаниите големи потрошувачи на енергија. (простории на Стопанска комора на Северна Македонија, изјави за медиумите/ 13:30) Скопје – Прес-конференција на компанијата ФХЗХ. (3Д киното во ФХЗХ, бул. „Србија“ бб, влез од кај градилиштето Џеваир, по десната патека кај рампата/ 12:00) Скопје – Регионална конференција за медиуми на Европската недела на мобилност. (на платформата ZOOM, https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_ckH3ss9pSWK8rj2mSZtDRA  /11:00 – 12:45) Скопје – Прес-конференција на ХЕРА по повод Националната конференција „Со сексуално образование во училиштата до поздрава и по безбедна младина“. (х. „Лимак“/ 10:00) Скопје – Церемонија по повод затворањето на проект во рамките на Јапонската програма за мали проекти односно GGP на која ќе присуствува и јапонскиот амбасадор Савада. (Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, главен влез/ 11:00) Штип – Свечена академија по повод Националниот ден на Народна Република Кина, на која ќе присуствува амбасадорот на Народна Република Кина во РСМ, Н.Е. Џанг Ѕуо. (во Уметничката галерија „Безистен“/ 12:00) Битола – По повод одбележувањето на Денот на српското единство, слобода и националното знаме и 104-годишнината од пробивот на Солунскиот фронт амбасадорката на Република Србија Невена Јовановиќ ќе положи венец на Српските воени гробишта. (11:00) Скопје – Еколошка акција, чистење на Паркот на новинарите во организација на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност по повод Светскиот ден на глобалното чистење. (Парк на новинари/ 11:00) Скопје – Јавна презентација на публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. (во депозитната библиотека на Правен факултет „Јустинијан Први“/ 11:00 – 12:00) Скопје – „Танец“ со спектакуларен вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на Александар Сариевски. (Национална опера и балет/ 20:00) Скопје – Отворање на фестивалот Викенд на гордоста Скопје со перформансот/танц „Етика“ на францускиот кореограф Матје Окемије, а во изведба на Патрис Дезмон и Пјер Емо. (МКЦ/ 21:00) Скопје – Промоција на романот „Водена приказна“ од Алексндар Кукелев. (во Спомен-собата на Миладиновци во ЈУ Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“/ 19:00) Скопје – Во рамки на годинешниот јубилеен 25. Скопски филмски фестивал, ќе се одржи промоција на новата книга со рецензии на Сунчица Уневска, „Дух во школка“. (кино-сала на Кинотека на РСМ/ 19:00) Скопје – Отворање на самостојната изложба на Жарко Башески, професор на Факултетот за ликовни уметности. (во просториите на МАНУ/ 19:00) Скопје – Заедничка изложба на фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ - Фил, на тема „Над вода - под вода“. (Галерија Рудиќ/ 20:00) Париз – Јане Чаловски со изложба во Париз како дел од „Урбан текст, овој простор наречен Балкан".   ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан