• понеделник, 18 ноември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
17 ноември 2022 Загреб – Втор ден од посетата на шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција на Хрватска. Делфи – Почнува дводневната прослава на 50-годишнината од Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на светското културно и природно наследство. Бадхеведорп – Во Холандија ќе биде изречена пресудата за тројца Руси и еден украински сепаратист, кои се осудени за соборување на малезискиот патнички авион со речиси 300 луѓе во 2014 година над Украина. Бангкок – На Тајланд средба помеѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и јапонскиот премиер Фуми Кишида. Брисел - Демонстрации на студенти поради високите цени во Белгија. Бејрут - Парламентот на Либан по шести пат ќе се обиде да избере шеф на државата. Берлин – Во Германија почнува дводневна средба на министрите за внатрешни работи на Г7. Виена - Дводневен состанок на Советот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија. Ташкент - Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во дводневна посета на Узбекистан. Панама – Почнува судскиот процес против 32 лица поради перење пари и затајување данок, кои беа откриени  благодарение на панамските адвокати во случајот „Панамски документи“.

Тагови

Остани поврзан