МИА Најави - свет
- Донаторска конференција за Украина за придвижување на фондот за солидарност организиран од Европската унија, Полска и Шведска.

5 мај 2022
Брисел - Донаторска конференција за Украина за придвижување на фондот за солидарност организиран од Европската унија, Полска и Шведска.
Лондон - Локални избори во Англија, Шкотска и Велс.
Виена - Состанок на министрите на Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници.
Софија - Состанок на министрите за енергетика „Југоисточна енергетска транзиција - регионална соработка за енергетска безбедност, диверзификација и транзиција“. На состанокот ќе присуствуваат министрите за енергетика на Србија, Бугарија, Романија, Грција, Северна Македонија, Украина, Азербејџан, како и директорката на Директоратот за енергетика на ЕК и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница. паг/