• вторник, 24 декември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
20 јуни 2022 - Светски ден на бегалците Луксембург - Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од Европската унија. Стразбур - Седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе трае до 23 јуни. Париз - Српската делегација, предводена од претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, ќе ја претстави кандидатурата на Белград за организација на светската изложба EXPO 2027. Виена - Состанок на Комитетот за енергетика и клима на Енергетската заедница, со кој ќе претседава министерката за рударство и енергетика на Србија, Зорана Михајловиќ. Џакарта - Започнува дводневната средба на министрите за здравство на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот и земјите во развој (Г20).

Остани поврзан