• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД
11 ноември 2020  Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала „Борис Трајковски“/13:00) Криволак - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка  Рејчел Галовеј ќе ги посетат припадниците на Армијата од 1. пешадиска чета од Лесната пешадиска борбена група, кои на армискиот полигон „Криволак“ изведуваат колективна обука под менторство на мобилен тим за обука од Обединетото Кралство. (изјави за медиумите/10:00) Желино - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизќок, ќе учествува во акцијата за засадување на садници, по повод турскиот Ден на дрвото. (во непосредна близина на стариот отомански камени мост, изјава за медиуми на локацијата за пошумување/9:15) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 41-та седница. (на платформата ZOOM https://zoom.us/j/93420007348?pwd=aDA0ak5XSGJtMjQvN2ZqWWpIWUtkdz09 /10:00) Скопје - Стопанската комора на Македонија организира работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на тема: „Актуелни состојби и идни насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“. (х. „Александар Палас“/11:00, изјави за медиумите пред официјалниот почеток на средбата/10:50) Скопје - Конференција на тема „Фер и одржлив туризам“ во организација на Здружението Изгрејсонце со поддршка на Green European Foundation – GEF од Белгија. (на платформата ZOOM https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZMpceipqDItH9ZBsw7irS9KF_xWKu4BWuoz?_x_zm_rtaid=Wd9jApFnTOmpfdQaFNDgtg.1604922240579.7c7acdea73a088259f82ec339ad96bfd&_x_zm_rhtaid=161  /11:00 -12:30) Скопје - Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) спроведува проект под име „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“ кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската унија. (Основно училиште „Тефејуз“ во Општина Чаир/10:00, по настанот следуваат изјави за медиумите) Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира онлајн дебата на тема „На кого останува НОВИНАРСТВОТО“. (на платформата ZOOM  https://docs.google.com/document/d/1ZPdHNFXChmx6Lnlg2XLE0B8tiBZkD0aVT0vkT9xSPTg/edit /10:30) Скопје - Изложба на уметникот Љубе Алексовски. (во просториите на Културен Информативен Центар - КИЦ/ 14:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан