• сабота, 31 август 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
Скопје, 11 март 2021  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 20, 25 и 29 седница. (голема сала/12:00/12:15/12:30) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/14:00)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакјан и директорот на Агенцијата за вработување на РСМ, Абдуш Демири ќе го презентираат Оперативниот план за активни програми и мерки 2021 година. (х.Хилтон“, дајмонд сала/11:00, https://fb.me/e/1BCfUlbmw)

Куманово - Министерот за економија Крешник Бектеши и пратеникот во Собранието, Арбер Адеми ќе посетат неколку производствени компании и угостителски објекти во кумановскиот регион. зјави за медиуми на плоштадот „Нова Југославија“ кај споменикот „Батко Ѓорѓија“/13:00) Скопје - Онлајн предавање на тројца експерти од Јапонија на тема „Загадување на воздухот“, во организација на Јапонската амбасада и Машинскиот факултет - Скопје. (9:30/линк) Скопје - Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбистри сè“ ќе одржат панел дискусија „Како до подобра контрола врз управувањето со шумите?“. (Платформа Зум/11:00) Гостивар - Панел дискусија на тема „Попис: Статистика, не политика“ во организација на ЦИВИЛ. (Простории на општина Гостивар/16:00, фејсбук страна на ЦИВИЛ) Штип - Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и пратеникот Тимчо Муцунски во посета на Штип. (изјава за медиуми при посетата на Клиничката болница/12:30) Скопје - Конференција по повод 40 години од студенските протести во Приштина организирана од Демократската унија за интеграција. (х. Хилтон/16:00) Скопје - Прес-конференција на издавачката куќа ШКУПИ. (Општина Чаир, канцеларии за невладини организации/12:00) Скопје - Промоција на книгата „Лица со попреченост“ од Андон Дамовски. (Фејсбук-страница на издавачката куќа „Арс Ламина“/19:00) Скопје - Проекција на македонскиот долгометражен игран филм „Ефектот на среќа“. (Кино Синеплекс/18:00) Скопје - Концерт „Хипноза“ на оркестарот на Филхармонија на кој како солистка ќе настапи пијанистката Марија Ѓошевска. (20:00) Велес - Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и градоночалникот на Велес, Аце Коцевски ќе извршат увид во реконструкцијата на Градскиот фудбалски стадион. (изјави за медиуми/10:00) ______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан