• недела, 17 ноември 2024
МИА Најави МКД
24 јуни 2022 Скопје - Седница на Комисијата за финансирање и буџет. (Сала Борис Трајковски/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањето (Сала 10/10:00) Скопје – Работна средба на собраниската Комисија за одбрана и безбедност со министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска. (Сала 4/ 11:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/ 12:00) Скопје – Работна средба на тема: „Пристап до социјални и здравствени услуги за ЛГБТИ луѓето во Република Северна Македонија“. (Сала на Уставна комисија/ 10:00) Берлин - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе учествува на  министерска конференција што се одржува на иницијатива на германската Влада во соработка со земјите членки на G7 (Група 7), во која членуваат седум држави со најнапредни економии. Скопје - Јавна дискусија на тема „Утврдување, модел на системско решение за поддршка на печатените медиуми“ во организација на Генералниот секретаријат на Владата во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми. (Свечена сала на Владата на Република Северна Македонија/10:00) Скопје – Прес-конференција на народниот правобранител Насер Зибери на која ќе го презентира извештајот на Народниот правобранител - Национален превентивен механизам (НПМ) за 2021 година, во кој се прикажани состојбите во местата за лишување од слобода- полициските станици, затворите, психијатриските болници. (Канцеларија на Народниот правобранител, ул. „Македонија“ бр. 19, прес-сала, кат 4/ 10:30) Скопје – Свечено отворање на ӏI. Meѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во Македонија. (х. „Континентал“, сала „Клуб Фонтана“/ 10:30) Скопје – Регионален форум „Ефикасноста и отпорноста на младите за време на пандемијата КОВИД-19: Денешна перспектива во Западен Балкан”. (онлајн на платформата ZOOM/ 10:00) Скопје – Конференција за дисеминација на Националниот извештај од спроведеното истражување на тема „Влијание на Ковид-19 пандемијата врз сексуалното и репродуктивно здравје, права и потреби кај младите во Македонија“. (Паблик Рум (Public Room) на 2-риот кат Cosy Room/ 10:30 – 13:30) Скопје – Панел дискусија на тема: „Граѓанските организации како лиценцирани даватели на услуги: Предизвици и можности“. (Сити парк Скопје“/ 10:00) Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски  по повод роденденското одбележување на Општина Кисела Вода - „67 години Моја Кисела Вода“. (Дом на културата „Билјана Беличанец“/ 11:00) Тетово - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами. (Пред зградата на Општината/8:30) Дебар – Почнува 21-то издание на фестивалот „Албански театар во Северна Македонија“. (Центар за култура/ 19:30) Скопје - Центарот за еднакви можности „Бубамара“ организира изложба „Изложба без име“ (Стара чаршија, кај ресторан „Дестан“/12:00) Крушево – WhenInKrusevo - најадреналински летен фестивал во највисокиот планински град на Балканот, градот на Македониумот! Скопје – Social Friday 2Q22. ________________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан