• недела, 21 јули 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

4 декември 2020 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/10:00) Скопје - Конститутивна седница на Клубот на млади пратеници. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери ќе одржи проштална средба со грчкиот амбасадор, Н.Е. Димитрис Јанакакис. (Стар кабинет/11:00) Скопје - Францускиот амбасадор, Н.Е. Сирил Бомгартнер ќе одржи средба со Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Парламентот на Француската Република. (Сала на Уставна комисија/14:00)

Охрид - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе ја посети АСП-ПАК во Охрид. (ул. 7-ми ноември бб/11:00, изјави за медиуми по завршување на посетата, пристигнување на медиумите/10:45)

Тетово - Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе го посети полициското одделение во Жеровјане и ќе направи увид во новата реконструирана зграда. (11:30, изјави за медиуми/12:10) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе одржи работен состанок со тутунопроизводителите и откупувачите на тутун. (МЗШВ/12:00, изјави за медиуми/12:30)

Скопје -  Генералниот секретар на АФД, Јана Никодиновска, поранешниот вицегувернер задолжен за операции на финансиски пазари и платни системи Мајак Кадиевска - Војновиќ и претседателот на АФД Филип Димитровски ќе  ги презентираат резултатите од годишното истражување на пазарот на финансиски друштва на РСМ. (https://us02web.zoom.us/13:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ќе го најави поставувањето на првите топлотни пумпи, кои ќе ги заменат досегашните котли на мазут и нафта за загревање, во детската градинка „Кочо Рацин“. (Детска градинка „Кочо Рацин“ – клон Панорама, ул.„Тасино Чешмиче“ бр.9/10:00) Скопје - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР и партнерите, организираат јавен настан – превентивна акција за дистрибуција на едукативни материјали и показна вежба за правилно поставување на зимски опрема на возилото и презентација на позитивните ефекти од користењето на зимската опрема во возилата. (Крстосницата помеѓу бул. „Партизански одреди“ и ул„ Манапо“, пред трговскиот центар „ Skopje City Mall“/12:00) Скопје - Црвениот крст на РСМ ќе одржи онлајн вебинар за одбележување на Светскиот Ден на Волонтерството под мотото “За сите наши волонтери”. (https://www.facebook.com/ https://us02web.zoom.us/12:00) Скопје - Креативна акција „Лавиринтот во Центарот за социјална работа во Шуто Оризари“ која е израз на незадоволството од нефункционалноста на Центарот за социјални работи во Шуто Оризари. (ул. „Македонија“ кај Меморијалната куќа на Мајка Тереза/10:00) Скопје - Онлајн-промоција на „Да се почне одново“ од театрологот и универзитетски професор Драган Клаиќ. (Фејсбук-страница на „Литература.мк“/19:00) Скопје - Отворање на изложбата на еден од добитниците на наградата „Борко Лазески“ за 2020 година во организација на Музеј на град Скопје. (Галерија Љубомир Белогаски/12:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан