• петок, 26 јули 2024
МИА Најави МКД
29 јули 2021
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи продолжение на 47. седница. (Сала „Македонија'/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 6/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала на Уставна комисија/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на Комитет за односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/14:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со новиот амбасадор на Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада. (Стар кабинет/10:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со европратеникот Кристијан Сагарц известител во сенка на Европската народна партија за РСМ во ЕП. (Сала на Влада/16:30) Скопје - Економски форум за регионална соработка. (х. Александар палас/10.00)  - Главен панел „Поврзан Балкан“ со воведни излагања на премиерите на Северна Македонија Зоран Заев, на Албанија Еди Рама и на претседателот на Србија Александар Вучиќ/10.00 -економски панел -потпишување трилатерални договори -прес-конференција на лидерите/12.30 до 13.00
Сите содржини од програмата на Економскиот форум може да се следат на линковите: Програмата на Економскиот форум на македонски јазик
  Скопје - Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на увид во градежните активности на нов објект на градинка во Општина Сопиште. (ул.2 бр. 2, Општина Сопиште,позади општината/9:00, изјави за медиуми по увидот) Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (Јутјуб каналот на ДИК/12:00)

Скопје - Државната секретарка и национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на РСМ, Магдалена Несторовска ќе присуствува на настан по повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против трговија со луѓе. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. (Простории на РКЕ/11:00) Скопје - Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе одржи прес-конференција по повод почетокот на реконструкцијата на ул. „Индира Ганди“ (3 фаза). (ул.„Индира Ганди“/11:00)

Скопје - Свечена седница на Советот на Општинa Кисела Вода по повод одбележување на 66-тиот роденден на општината. (Општина Кисела Вода, голема сала/14:00)

Битола - Промоција на монографија „65 години КУД Илинден-Битола“. (Магаза/11:00)

Скопје - Промоција на книгата „Кажете ми дека заминав“ на македонскиот поет Томе Велков. (ЈУ Градска библиотека „Брака Миладиновци3/19:00) Скопје -  Отворање на изложбата насловена „Јунус Емре - Дојди и Погледни ме“ во организација на Турски Културен Центар Јунус Емре. (Куршумли ан/19:00) Струга - Отворање на петтото издание на фестивалот на краток филм Drim Short под мотото „Сонувајте кратко“ со промоција на книгата „Филмски великани“ од Сунчица Уневска и изложба на Милко Нестороски и Лида Шерафатман - ‘The dreams of nature, souvenirs of reality’. (Летна сцена /18:30) Битола - Вечер на староградска музика и игра. (Ракометно игралиште/20:00) Скопје - J.R. August го затвора циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“. (Кинотека, летна сцена „Мирно лето“/20:30) Скопје - Концерт насловен „Модерниот дух на староградската песна“ на Лаура Крлиу и нејзиниот бенд. (Факултетот за ликовни уметности – објектот Сули ан/20:30)

Скопје - Агенцијата за млади и спорт организира автобуски превоз до Скопскиот аеродром за пречек на Дејан Георгиевски, освојувачот на сребрен медал на Олимписките игри Токио 2020. (13:45)

 _________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини    

Остани поврзан