• четврток, 07 ноември 2024
МИА Најави МКД
2 октомври 2020 Скопје - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Белгија и на Кралството Данска. (Вила Водно)

- предавање на акредитивните писма од страна на Фредерик Морис, новоименуван амбасадор на Кралството Белгија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија (11:00, снимателите и фоторепортерите да пристигнат најдоцна 10:30)

- предавање на акредитивните писма од страна на Сузан Шајн, новоименувана амбасадорка на Кралството Данска во Република Северна Македонија, со седиште во Белград (12:00, снимателите и фоторепортерите да пристигнат најдоцна 11:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание на РСМ, сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Собрание на РСМ, сала 6/14:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/15:00) Скопје - Прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД Францис Р. Фанон. (на платформата ZOOM на македонски јазик: https://youtu.be/MxrdIzKyxBc и на англиски јазик: https://youtu.be/j14bk3fL-qs/9:40) Штип - Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во посета на компанијата Актива и на средба со стопанствениците од Штип. (Актива/12:00, изјави за медиумите околу 12:45) Скопје - Прес-конференција на Државната комисија за спречување на корупцијата. (пред ДКСК/13:00) Скопје - Прес-конференција на Фонд за иновации и технолошки развој  и УНДП на која ќе биде објавен Јавниот повик за дигитализација на услугите во локалната самоуправа. (простории на ФИТР, ГТЦ, локал 6, Д.Е.220, спроти „Жена парк“/10:00) Битола - Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс центарот за европски студии од Брисел ќе ја одржат третата по ред експертската панел дискусија на тема: „Катедра Аденауер 2020: Постизборни предизвици и ЕУ перспективи". (х. „Епинал“/12:00) Охрид - Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) ја организира својата 31. Синдикална школа на тема: „Примената и остварувањето на правата од колективните договори“. (х. „Метропол“/15:00, изјава за медиумите пред почетокот на настанот) Скопје - Протестниот одбор Скопје продолжува со протест против поскапување на електричната енергија. (пред „Мавровка“/16:30, изјави за медиумите пред Владата на РСМ/17:00) Скопје - Примопредавање на кендо опрема – донација од Јапонската Кендо Федерација за Македонската Кендо-Иаидо Федерација во организација на Амбасадата на Јапонија. (ул. „Банско“ бр.6, во дворот на ОУ „Кузман Јосифовски - Питу“ во Црниче/12:00) Скопје - Официјално доделување на наградата „Антево перо“. (Центар за култура во Општина Ѓорче Петров/19:00) Скопје - Прес-конференција посветена на Меѓународниот фестивал „Киненова“. (во салата на Делегацијата на Европската унија во Македонија/11:30) Скопје - Музички фестивал – АНДЕРФЕСТ. („Јавна соба“/20:40) Кавадарци - Отворање на изложбата „Културното наследство на Кавадаречко“. (Музеј и галерија Кавадарци/12:00) Скопје - Отворање на изложбата „Panic Room или скок во мислењето“. (Музеј на современата уметност/12:00) Скопје - Премиера на Дигитален поетски перформанс со црногорската поетеса Катарин Сариќ, модератор на разговорот со Сариќ: поетесата Драгана Евтимова. (https://www.youtube.com/watch?v=jwA394zt3cw /19:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан